Десет години неверојатна удобност и стапала кои „дишат“ со GEOX

Овој месец Geox во Македонија слави 10 години од отворањето на првата продавница.  Низ сите овие години потрошувачите во Македонија имаат можност да уживаат во овој врвен италијански бренд за машки, женски и детски обувки кој е познат по создавањето на „обувки кои дишат“.

deset-godini-neverojatna-udobnost-i-stapala-koi-disat-so-geox-1.jpg

„Обувки кои дишат“ е перцепција, идеја и ветување кое претставува камен-темелник во корпоративната мисија уште од самиот почеток – овозможување благосостојба и апсолутна удобност. Дишењето значи константна иновација, истражување и екпериментирање – философија која комбинира креативност и перформанси, стил, технологија и општествена одговорност кон животната средина и луѓето.

Пред околу 25 години, основачот на Geox – Марио Морети Полегато го зачнал револуционерното решение– тој направил едноставни отвори на гумениот ѓон на своите чевли за да им овозможи на своите стапала да дишат кога бил на патување под топлото сонце во Рено, Невада. Оттаму произлегува идејата да се креира производ кој ќе ја оддржува флексибилноста и цврстината на гумениот ѓон, истовремено овозможувајќи дишење на стапалата.

deset-godini-neverojatna-udobnost-i-stapala-koi-disat-so-geox-3.jpg

Секојдневниот дизајн се среќава со авантгардната технологија, симболизирајќи ја поврзаноста со природата и во самото име на брендот. Зборот Geox произлегува од Geo – грчки збор за земја, и буквата X, симбол на напредната технологија.  Името ја пренесува енергијата и напорите, пасијата и знаењето, вниманието посветено на детали, истражувањето и подобрувањето на квалитетот и секојдневната елеганција.

Брендот инаку е прочуен по користењето на ексклузивни иновативни технологии кои се користат во производството и дизајнирањето на сите обувки кои го носат ова име.

deset-godini-neverojatna-udobnost-i-stapala-koi-disat-so-geox-2.jpg

Користењето на иновативната Nebula технологија обезбедува исклучително „дишење“ на целото стапало во секоја насока. Nebula „дише“ во три димензии благодарение на комбинираниот ефект во внатрешниот и надворешниот дел од патиките. Системот на „дишење“ во надворешниот дел се карактеризира со големи перфорации во ѓонот и обезбедува високо ниво на перформанси. Ѓонот се карактеризира со флексибилност, амортизирање, стабилност и потпора. Внатрешниот систем на „дишење“ има специјална постава со простор помеѓу стапалото и горниот дел, овозможувајќи ѝ на топлината слободно да премине низ овој простор. Притоа се одржува нормалната температура и се обезбедува пријатно чувство и суви стапала.

deset-godini-neverojatna-udobnost-i-stapala-koi-disat-so-geox-7.jpg

Amphibiox напредната технологија има специјална водоотпорна мембрана во надворешниот и внатрешниот дел на обувките, која воедно „дише“и овозможува стапалата да останат суви. Уникатна технологија која ги спојува овие два важни елементи.

Geox јакните се исто така водоотпорни и овозможуваат дишење, дизајнирани да ве заштитат од вода и ветер, благодарение на комбинирањето на материјалите, кои се лесни и ја одржуваат нормалната температура на телото.

Соработка со Патрик Кокс

Патрик Кокс, англиски дизајнер со канадско потекло е познат по иновативните колекции обувки за мажи и жени. Кокс има соработка со многу звучни имиња на светската модна сцена и е добитник на престижни награди во областа на дизјанот и модни додатоци, а неговите креации може да се најдат и во неколку музеи низ светот. Почнувајќи од есен/зима 2012 Geox започнува соработка со овој дизајнер и лансира капсулни колекции секоја сезона.

Проект за одржливост NEW DO

NEW:DO™ значи атрактивен, здрав и безбеден производ. Производ во кој е инкорпорирана технологијата која дише во комбинација со квалитетни материјали добиени и третирани на еколошки начин. Кај обувките од оваа линија која е достапна од сезона пролет/лето 2016, се користи процес на боење на кожата со природен восок, а ѓонот е направен од гума со расително потекло (материјалот потекнува од дрвото Hevea кое се рециклира 100%). Ѓонот е прикачен за горниот дел на обувката со користење на Strobel техника која вклучува помалку отпаден материјал и трошење на енергија во споредба со другите начини на производство на чевли. 

deset-godini-neverojatna-udobnost-i-stapala-koi-disat-so-geox-6.jpg

По повод 10-годишнината на Geox во Македонија од 18ти до 23ти април посетете ја продавницара во Скопје Сити Мол бидејќи следат многу изненадувања и подароци за посетителите.

deset-godini-neverojatna-udobnost-i-stapala-koi-disat-so-geox-4.jpg

deset-godini-neverojatna-udobnost-i-stapala-koi-disat-so-geox-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg