Заштедете драгоцено време и добијте совршено испеглани алишта!
- Детали
- четврток, 06 април 2017
Факт е дека ретко кој сака да пегла. Пеглањето на алишта важи за една од најомразените домашни работи, а по некое непишано правило, секогаш оваа активност и припаѓа на жените.
Токму пеглањето е обврската која многумина од нас ја ставаат на ред за чекање. Тоа е така најмногу поради времето кое го трошиме и напорот кој треба да го вложиме за да се испегла целата облека.
Неодамнешното истражување во Западна Европа покажало дека во дури осум од десет домаќинства работата на пеглање алишта ја врши жената, а дури повеќе од 40 отсто од нивните партнери никогаш и да не фатиле пегла за да испеглаат алишта.
Модерното секојдневие не дозволува губење на многу време, но сепак пеглањето е токму онаа активност која може да одземе и до неколку часа.
Освен што е досадно, пеглањето негативно влијае и врз здравјето бидејќи долгото стоење и неправилната положба на телото можат да предизвикаат болки.
Сепак, грижите дека ќе треба да изгубиме 2 или 3 часа од драгоцениот викенд за да ги испегламе сите алишта заминуваат во историја, а со тоа и стоењето над даската за пеглање.
Револуционерните парни генератори на Philips кои експертите ги нарекоа еден од најдобрите нешта за пеглање кое досега се појавило во светот, пристигнаа во Македонија.
Шесте парни генератори кои се сметаат за неверојатна иновација, нудат пеглање на алишта во само неколку лесни чекори. Тие произведуваат повеќе пареа од која било друга пегла на пареа.
Сега дури и најтешките материјали за пеглање ќе можат да се испеглаат перфектно во само еден потег.
Она што е за истакнување е можноста за вертикално пеглање кое овозможува пеглање на секаков вид на деликатна облека која е закачена вертикално. Вертикалното пеглање е совршено за пеглање на фустани, сакоа, капути, како и парчиња на секаков вид на деликатна облека која скоро и да не е можно да се испегла дома.
Фасцинантното во парните генератори на Philips е тоа што тие се неверојатно многу лесни, па вертикалното пеглање е неверојатно лесно и брзо.
Моќната пареа која што ја произведуваат генераторите не може да се спореди со било која друга пегла на пазарот.
Посебните резервоари овозможуваат складирање на поголемо количество вода, а пареата пак која што ја прават генераторите на Philips навлегува длабоко во облеката.
Со тоа купиштата облека се пеглаат за само неколку минути.
За повеќе информации кликнете на: www.peglanje.philips.com.mk