Меккен Загреб - агенција на годината во Хрватска
- Детали
- вторник, 04 април 2017
Агенцијата Меккен Загреб, која е дел од I&F McCann Grupа, е прогласена за најдобра агенција во Хрватска. Наградата е доделена на фестивалот Ideja X, национален фестивал за оригинални идеи кои ги поместуваат границите без разлика на кој вид медиум се прикажани. На доделувањето на наградите присуствуваше и основачот на I&F McCann Grupа, Срѓан Шапер, кој истакна дека ова е уште една потврда за добриот правец на движење во регионот во кој работи веќе две децении:
„Се трудиме нашите агенции да бидат локално најдобри, но и заедно да бидеме уигран тим. Заедничката работа на луѓе од повеќе земји дава одлични резултати и им помага да бидат најдобри во своите земји. Меккен Загреб стана дел од нашиот тим пред две години и толку добар резултат е доказ дека сме поставиле добар правец на работење. Наша идеја е секаде да ги вработуваме најдобрите луѓе, оние кои се подготвени да поместуваат граници и не се плашат од одговорност. Нашиот слоган е ‚моќта на луѓето‛ и оваа награда за најдобра агенција е, всушност, награда за најдобрите луѓе. За нашиот млад тим ова е поттик да биде уште подобар за своите клиенти и за нашата група во целина“, рече Срѓан Шапер.
Томислав Пресечки, генерален директор на Меккен Загреб, изјави:
„Наградата за ‚агенција на годината‛ на националниот рекламен фестивал „Денови на комуникацијата“ потврдува дека уиграниот агенциски тим е сосема посветен кон целта да бидеме најдобра агенција во Хрватска. Посебна благодарност кон нашите клиенти без чија доверба и поддршка наградите не би биле можни, а партнерскиот пристап при создавањето кампањи очигледно дава и одлични резултати. Мене лично, како и на целата агенција, овој успех ни е поттик да бидеме уште подобри.“
‘‘Цврсто верувам дека квалитетно и безрезервно вложениот труд мора на крајот да биде награден, а ова значајно признание за најдобра агенција во Хрватска го зацврсти моето уверување. Да се биде агенција на годината на конкурентен пазар каков што е Хрватскиот е голем успех и исклучително сум горд на целиот тим кој е заслужен за овој резултат. И самиот бев сведок колку труд, посветеност и енергија се вложени изминатава година и колку оваа награда ќе ни значи во нашата идна работа.
Нашата најголема сила се нашите луѓе – оние со кои сме работеле и работиме, но и оние за кои работиме и затоа би сакал да се заблагодарам и на нашите клиенти кои имаа слух да не поддржат и ни веруваат дека заедно можеме да реализираме вакви кампањи. Уште еднаш на сите искрено им честитам на успехот!‘‘, додаде Влатко Димовски, оперативен директор во I&F McCann Grupa одговорен за Адриатик регионот.
Покрај наградата на Idejа X, агенциите Меккен Загреб и УМ Загреб освоија и Effie награди, престижни награди за извонредно и ефикасно рекламирање. УМ Загреб освои и Гранд При и Златно Effie, додека агенцијата Меккен Загреб освои две бронзи.
I&F McCann Grupa, во чиј состав работат и агенциите Меккен Загреб и УМ Загреб не застанува на успехот во регионот на Југоисточна Европа. Претходната година го прошири своето дејствување и во нордиските земји и сега работи во 12 земји кои опфаќаат 58 милиони жители.