Систина Офталмологија вложува во едукација и подигање на свеста за здравјето на очите
- Детали
- петок, 31 март 2017
Голем број на офталмолози од Македонија и Косово присуствуваа на стручното предавање „Последните искуства во рефрактивната и витреоретиналната хирургија” “ кој се одржа во саботата (25.03.2017) во амфитеатарот на клиниката „Аџибадем Систина” во Скопје.
Овој настан организиран од „Систина Офталмологија” која е дел од групацијата „Свјетлост” од Загреб беше акредитиран од Лекарската Комора на Македонија, а предавачите од овие две клиники преку видео презентации ги пренесоа своите најнови искуства со современиот пристап во третирањето на очните болести на пациентите во рефракривната и катарактната хирургија.
„Систина Oфталмологија” која е дел од групацијата на хрватската очна клиника „Свјетлост”, инвестира финансиски и човечки ресурси во зголемување на свесноста и информираноста за новите можности на превенција и лекување на очните болести и токму затоа организира вакви стручни средби.
Оваа клиника инвестира и во знаење, така што, е единствената очна клиника во Македонија која му овозможува на секој специјализант кој е мотивиран и амбициозен, да специјализира на универзитетските клиники во странство. Досега специјализанти од Систина Офталмологија имаа прилика да специјализираат во Свјетлост во Загреб.