#KissMyAirsMK - Незаборавни моменти го отсликаа Nike Air Max Day

Скопје, (28.03.2017) Скопје заедно со Белград, Берлин, Њујорк, Москва, Сао Паоло и други светски метрополи го прослави Air Max Day. Мистериозната џиновска кутија која една недела го привлекуваше вниманието на илјадници луѓе, денес по повод триесеттиот роденден на Air Max беше отворена! Во неа се криеше уникатен графит кој го отсликуваше дизајнот на новата линија на легендарните Nike Air Max. Патиките кои се носители на иновацијата на Air линијата.

kissmyairsmk-nezaboravni-momenti-go-otslikaa-nike-air-max-day-1.jpg

Овој ден се одбележува на глобално ниво  заедно со сите спортски ентузијасти и љубителите на еден од најпрепознатливите светски брендови, Nike, како и на линија на спортски обувки, Air Max. Овие патики се дел од сржта на урбаната култура насекаде низ светот. Револуцијата на Air Max започнува во 1987 година кога Air Max од специјализирани тркачки патики стануваат незаменлива опрема за кошарка, тренинг и тенис, брзо прераснувајќи во симбол на урбаниот животен стил.

kissmyairsmk-nezaboravni-momenti-go-otslikaa-nike-air-max-day-2.jpg

За триесеттиот роденден во „Јавна соба“ во Скопје беше организирана и незаборавна изложба на Air Max, кои триесет години го доловуваат овој безвремен начин на живот. Оригиналната колекција беше овозможена од Le Funk кој е еден од ретките кои можат да се пофалат со ваква импресивна колекција. Членовите на оваа sneakers култура како Гоце САФ, Едина Муса, Маријана Станојковска, Димитар Атанасовски, членовите на Беатрикс и многу други се запознаа со децениската историја на нивниот начин на живеење.

kissmyairsmk-nezaboravni-momenti-go-otslikaa-nike-air-max-day-3.jpg

За време на изложбата беа претставени и најновите модели Air Max 90 Ultra Flyknit - препознатлив по живописни бои и лесен Flyknit горен дел. Тие ќе бидат достапни исклучиво во продавниците на Buzz и Nike Shop.

kissmyairsmk-nezaboravni-momenti-go-otslikaa-nike-air-max-day-5.jpg

Начинот на кој овие култни патики се носат на специфичен начин го истакнуваат сечиј карактер истакнувајќи го незаменливиот урбан стил.

После 30 години Air Max продолжува да еволуира!

kissmyairsmk-nezaboravni-momenti-go-otslikaa-nike-air-max-day-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg