Атлантик Група доминира на скалата на најсилни регионални брендови
- Детали
- петок, 24 март 2017
Резултатите од истражувањето на Валикон, „Топ 25 регионални брендови во 2016 година“, покажа дека со четири сопствени и два дистрибутивни бренда, Атлантик Група е компанија со најголем број на водечки брендови во регионот.
Благодарение на својата долга традиција и континуиран развој во согласност со современите стандарди, Цедевита, Аргета, Смоки и Кокта убедливо доминираат меѓу 10-те најсилни брендови веќе неколку години.
Во 2016 година, Цедевита доби нов редизајн, бренд екстензија и активирање во сите канали што и го овозможи 3-тото највисоко место досега, кое исто така е највисоко и меѓу брендовите на Атлантик оваа година. И покрај притисоците од сите страни, Аргета обезбеди пласман од 5-то место успешно задржувајќи ја својата позиција во рамките на првите пет. Веднаш зад Аргета, на 6-то место се Смоки, а Кокта го чува 8-то место исто како минатата година. Ефикасната синергија на дистрибуцијата на Атлантик и принципалите на Вригли се рефлектираше во висока поставеност на брендовите Орбит и Ервејвс, кои преку заеднички напори на овие две екипи успешно го наоѓаат својот пат до потрошувачите во регионот.
Индивидуални пазари
Во Словенија, Баркафе, како единствен бренд на кафе кој има водечка позиција во земјата, покажа извонреден успех. Цедевита се наоѓа на третото место, Аргета на петото, додека Кокта е рангирана на осмото место. Особено сме горди на фактот дека оваа година функционалната минерална вода Донат Мг, исто така, е меѓу првите 10.
Во Хрватска, Цедевита го повтори својот успех, со освојување на третото место на ранг-листата. Смоки ја држи оваа позиција во Србија. Брендот „Најлепше жеље “е на одличната деветта позиција, како единствен бренд на чоколадо со потекло од регионот, на овој начин покажувајќи ја својата позиција меѓу најсилните брендови на регионален пазар, натпреварувајќи се рамо до рамо со меѓународната конкуренција.
Аргета е убедливо најсилниот бренд во Македонија и Босна и Херцеговина и единствениот бренд кој ја држи топ позицијата во двете земји. Цедевита во Босна е рангирана на четвртото место, додека Смоки е на 10-тото место. Покрај сопствените брендови, трговската марка од принципалите, Орбит, е рангиран меѓу првите 10 во Македонија и БиХ, односно на деветото место на двата пазари.