Еден на еден: Оваа сабота ве очекува смеење за сите пари (видео)
- Детали
- петок, 24 март 2017
И оваа сабота ве очекува уште едно супер издание на најгледаното ток-шоу во земјава, „Еден на Еден“. Овој пат Жаре ги угости најдобриот стенд-ап комичар на Балканот, популарниот Неша Бриџис и еден од нашите најдобри вокали, Даниел Кајмакоски.
Неша беше брилијантен, зборуваше за машко-женските односи, имитираше колеги од естрадата, а се покажа и многу вешт во натсинхронизирање на македонски политички дебати!
Даниел зборуваше за својот приватен живот, за неговата сопруга Кристина, за синчето Давид, за учеството со Неша во шоуто „Твое Лице Звучи Познато“ и многу повеќе.
Затоа, бидете пред малите екрани и оваа сабота на телевизија „Телма“ со почеток во 19 и 15 часот.
Погледнете ја најавата: