Триесетти роденден на легендарните AIR MAX
- Детали
- среда, 22 март 2017
Скопје, (22.03.2017) Март во урбан и поп-културен стил е месец посветен на еден од најпопуларните модели на Nike патики, познатите Air Max. И оваа година, низ целиот свет, сите модни престолнини ќе го прославуваат постоењето на познатата Air Max линија на патики и приказната на доминација во однос на другите модели која се провлекува низ повеќе децении.
Скопје, како и во претходните години ќе биде дел од прославата, а во текот на месец март, Buzz и Nike Shop организираат бројни активности за љубителите на овој модел, а на 26. март и официјално ќе се одржи "Air Max Day", на кој ќе бидат присутни голем број на членови на sneaker културата да го прослават триесеттиот роденден на Air Max патиките.
За да го одбележи јубилејниот роденден на легендарните Air Max, брендот Nike одлучи да претстави нов дизајн инспириран од најпопуларните ретро модели, обновени со иновации и најнови трендови.
Некои од најновите модели Air Max кои ќе бидат претставени оваа сезона се: Air Max 90 Ultra Flyknit - препознатлив по живописни бои и лесен Flyknit горен дел, Air Max 1 - прва Air Max линија прикажана во оригинална боја и многу други.
Најновите модели на Air Max ќе бидат достапни исклучиво во продавниците на Buzz и Nike Shop.