Почина Вања Лазарова, синоним на македонската изворна песна
- Детали
- недела, 12 март 2017
Згасна кадифениот глас на една од најталентираните македонски изведувачи на народна музика - Вања Лазарова. На 86-годишна возраст Вања го напушти светот оставајќи позади себе богатство од неповторливи музички интерпретации кои ни носат солзи во очите.
Родена на 27 април во 1930 година во с. Страцин, Кратово, Вања Лазарова неуморно го освојувала светот со својот божествен глас. Таа настапила во Ројал Алберт Хол во Лондон, а со нејзиниот глас биле почестени кралицата Елизабета II и премиерот Винстон Черчил.
Македонската изворна и етномузиката никогаш не би била она што е без гласот на Вања Лазарова. Работела и во операта при МНТ, а била членка и во „Танец“.
Таа воедно е првата македонска пејачка која снимила плочи за издавачките куќи Philips и Poligram.
Вања, ти благодариме што ни остави во наследство песни кои ги испеа од срце. Сè уште трепериме додека ја слушаме твојата „Со маки сум се родила“. Почивај во мир.
https://www.youtube.com/watch?v=FL7M9uZCk9Q
https://www.youtube.com/watch?v=-b41JMNF1r8
(O)Милена | Црнобело