Пејачката Лаура Крлиу ја направи ласерската корекција на диоптријa

Пејачката Лаура Крлиу која македонската публика ја запозна преку талент шоуто Идол, а која сега е популарна и во Албанија и Косово, реши да се ослободи од очилата, па затоа ја направи ласерската корекција на диоптрија.

pejackata-laura-krliu-ja-napravi-laserskata-korekcija-na-dioptrija-1.jpg

Сè повеќе луѓе ја прават оваа интервенција. Зошто? Затоа што таа е брза ( 5 минути ), безбедна и што е многу важно безболна. Со неа доживотно ќе ги заборавите трошоците за очилата и леќите.

Многу светски познати личности ја направиле ласерската корекција на диоптрија меѓу кои Бред Пит, Никол Кидман, Кортни Кокс, Елтон Џон, а исто така и многу јавни личности и од кај нас, како на пример актерката Магдалена Ризова, спикерката Татјана Стојановска, а од неодамна и пејачката Лаура Крлиу.

„Уште од многу мала, се сеќавам бев прво или второ одделение, ми кажаа дека треба да носам очила за вид. Не ги носев и поради тоа ми се зголеми диоптријата. На факултет, почнав да ги носам редовно, комбинирав, некогаш носев леќи, некогаш очила за вид. Особено ме нервираа очилата кога настапував тука или во Албанија, Косово. Шминката не можеше да ми дојде до израз, а имав и рефлексија на стаклата од камерите. Многу време поминувам пред камера, на сцена и за мене тоа беше голем проблем.”, вели таа.

Лаура објаснува дека долго време долго размислувала да ја направи ласерската корекција на диоптрија и кога прочитала на социјалните медиуми за Систина Офталмологија, за неа тоа било најприфатлива опција.

Систина Офталмологија, заедно со нивната партнерска клиника Свјетлост од Загреб успешно ја отстранија диоптријата на повеќе од 45 000 очи.

„Зафатот се изведува со помош на многу прецизни ласери, денешните операции се целосно компјутерски контролирани, а ласерите во себе имаат интегрирани неверојатно прецизни софтверски системи што овозможуваат отстранување на  диоптријата за само 2 секунди и имаат интегрирани систем за следење што се занимава со движења на очите на пациентот и на тој начин ја исклучува секоја можност за грешка предизвикана од немирите пациенти. До денес, овој оперативен зафат досегна фактор на безбедност од 99%. Ласерското отстранување на диоптријата во светот се практицира повеќе од 25 години и оперирани се над 44 милиони луѓе. Со напредокот на ласерската технологија, методите станаа се поуспешни и побезбедни, па така се зголеми и спектарот на диоптрии што можат успешно да се третираат”, објаснува стручниот директор на Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски.

Токму поради овие причини и Лаура одлучила ја направи интервенцијата, а она што особено и’ се допаднало кога дошла во клиниката бил односот на целиот персонал.

„Докторите детално ме известуваа за се’, па затоа кога дојде денот за интервенција, јас точно ги знаев чекорите и воопшто не се плашев. Воодушевена сум од пријателскиот однос на персоналот и од нивната грижа за мене, ми кажаа за се што треба, слободно да ги прашувам.

Животот многу ми се поедностави, сега кога гледам чисто и без помагала”, заклучува таа.

Би можело да ве интересира:

Туна Сејдиу згодна во бикини, се забавува на плажа во Албанија со синовите „Го истражувам југот на Албанија со моите момчиња“, напиша Туна Сејдиу на Инстаг...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Кристина Арнаудова од Италија во Банско - го покажа згодното тело, учи да пука (фото) „Како за некој што не фатил оружје, три од три е јака бројка“, напиша Арнаудова ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg