Македонските студенти по трет пат ќе ги избираат своите омилени брендови
- Детали
- четврток, 02 март 2017
Кои брендови ќе се стекнат со најпрестижниот сертификат – STUBRAND за 2017 година? За тоа ќе имаат можност да одлучат околу 60,000 студенти во Република Македонија кои по трет пат ќе гласаат за своите омилени брендови, распоредени во вкупно 19 категории производи/услуги. STUBRAND е единственото официјално меѓународно истражување, со кое, директно од страна и на македонските студенти ќе се промовираат оние брендови, кон кои тие искажуваат највисок степен на емотивна лојалност во 2017та година.
BRANDER методологијата, која е во сопственост на Њујоршкиот Меѓународен институт за маркетинг истражување и сертификација е она што ги прави уникатни истражувањата на STUBRAND во сите 15 земји во кои се спроведува истото во моментот. Истражувањето е направено така што на многу едноставен начин, со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate или Don’t Know, студентите да ја изразат својата првична, или импулсивно-емотивна реакција спрема дадениот бренд. Секој бренд што ужива позитивен имиџ од над 50% може да биде сертифициран со STUBRAND, а секој бренд со позитивен имиџ од над 75% и за кого процентот на одговорите Love е поголем од процентот на одговорите Like, може да биде сертифициран со PREMIUM STUBRAND за конкретната година.
Студентите се најважната група консументи за секоја компанија од причина што тие се консументи на иднината, односно стекнувањето на нивата доверба кон брендот денес значи долгорочна лојалност спрема истиот и во иднина. Затоа, резултатите од истражувањето на STUBRAND ќе им помогнат на компаниите да дознаат кој е степенот на емотивна лојалност на студентите кон нив и нивните брендови, како и да откријат како истите се перцепирани во однос на главните конкуренти.
Вообичаена пракса која додава вредност на истражувањето претставува настанот за свечено доделување награди и промоција на најдобро-рангираните брендови, кој од страна на STUBRAND ќе биде организиран до крајот на календарската година.
„Оваа година, покрај што ја слави својата 80 годишнина, Алкалоид се стекнува со уште едно значајно признание и тоа од оние најпребирливите – студентите, од таа популација која има свој став, знае што сака и ги следите светските трендови“, истакна г-ѓа Маја Стефкова, раководител на истражување, развој и регистрација во Билкарство во Алкалоид АД Скопје за време на минатогодишната церемонија за доделување на признанијата на STUBRAND за 2016 година. За време на истата, покрај Алкалоид, STUBRAND сертифицираше и уште 14 брендови: Good Nature, Скопско, Ладна, Добра Вода, Шпаркасе Банка, Голден Арт, Телекабел, MoneyGram (Монета), B-Watch, Коузон, Рапсоди, Антена 5, 24 Вести и crnobelo.com.
Сите студенти можат да пристапат кон истражувањето со кликање на следниот ЛИНК.