Ладна и оваа година ве повикувa да учествувате на детскиот ликовен конкурс

“Вистинската магија се наоѓа во нас самите”- ова е пораката која ја носите по посетата на Дизниленд. Четири магични денови во кои бајките и филмовите оживуваат пред вас преку атракции, шоуа, паради, замоци, музика од Дизни филмови, вечера со Дизни ликови -  сè заедно, уникатно и незаборавно искуство за целото семејство. “ Вака го опишува четиридневното искуство во Дизниленд мајката на првонаградената Ана Токарева, Санела од минатогодишниот ликовен конкурс на „Ладна“.

ladna-i-ovaa-godina-ve-povikuva-da-ucestvuvate-vo-detskiot-likoven-konkurs-01.jpg

Пред само една година Ана победи на ликовниот конкурс на Ладна во категоријата на деца од 4 до 7 години  и си помина незаборавно, спомен кој ќе го памети цел живот.

И  оваа година најуспешните цртежи во секоја од двете категории,  Ладна ќе ги награди со патување за целото семејство во Париз.

„Дизниленд изобилува со атракции инспирирани од Дизни филмовите. Во куќата на Петар Пан влегувате во кабина и таа ве носи низ локации од филмот. Ќе се почувствувате како да летате над Лондон, меѓу ѕвездите, кај пиратите, а во еден момент во потполна темница ќе ја видите само месечината – како да сте долетале високо до неа. Или во куќата на Рататуј со 3D очила во колички се движите покрај глувчињата од сцените од филмот кои се прикажуваат пред вас, при што и вие сте дел од филмот! Па така учествувате во брканици, криенки, а во еден момент дискретно ќе бидете испрскани кога на сцената од филмот ќе се отвори шише шампањско – насочено кон вас!“, раскажува мајкта на Ана, Санела.

ladna-i-ovaa-godina-ve-povikuva-da-ucestvuvate-vo-detskiot-likoven-konkurs-1.jpg

„Дизниленд нуди единствено и незаменливо искуство за децата, а во исто време нè потсетува и нас родителите колку е важна магијата во животот и ако веруваме дека ја носиме во себе можеме многу да направиме. Детскиот ликовен конкурс на Ладна е совршен – од идеја до реализација. Неспорни се предностите кои цртањето ги обезбедува во креативниот развој на детето. Поттикнувањето на децата да цртаат е благородно само по себе. А наградата е незаборавно искуство кое ги ангажира сите сетила и дополнително го ослободува креативниот потенцијал и внатрешната магија.“, заклучува Санела.  

Оваа година темата на која децата ќе цртаат е „Животните и водата“. Натпреварувањето ќе биде поделено во две категории и тоа деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 11.05.2010 до 10.05.2013 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 11.05.2007 до 10.05.2010 година.

Стручното жири ќе одбере по три најубави цртежи во секоја категорија, кои и оваа година ќе бидат наградени со 2 тридневни патувања во Дизниленд во Париз, 2 годишни курсеви за цртање и 2 таблети за цртање.

Повеќе информации околу натпреварот можете да најдете на Фејсбук страницата на ладна Ладна.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg