LEGO® - брендот кој е целосно посветен на детската фантазија
- Детали
- петок, 03 февруари 2017
Интересот за најпопуларниот бренд за играчки во светот LEGO, е во постојан пораст повеќе од 80 години. Овој успех се должи на посветеноста и вниманието со кои овој бренд му настапува на производството на секоја коцка и фигура.
Креативните јадра на LEGO се составени од повеќе од 180 дизајнери кои се од 24 различни националности. Дизајнерите имаат многу сознанија за детските шеми на игра и начинот на кој децата ги развиват интересите. Секоја година, слушајќи ги детските гласови, произведени се и тестирани многу нови идеи. Само производите за кои децата гарантираат на крајот одат во производство.
По успехот на коцките кои меѓусебно се спојуваат, LEGO ја лансираше првата фигура во 1978. Оттогаш малиот жолт лик станува се посилен. За време на сите овие години, произведени се повеќе од 5 милијарди фигури.
Кога фигурите се појавиле по прв пат, одлучено е лицето да има само една боја и тоа жолта, а изразот на лицето треба да биде среќен или неутрален. Фигурите немале пол, раса или улога, туку децата тоа ќе го одредат преку својата фантазија и игра, се до 1980 година.
Со лиценцираните производи на LEGO® Star WarsTM, LEGO® Harry PotterTM фигурите започнале да се појавуваат во одредени улоги, а со LEGO Кошарка во 2003 година добиена е автентичната боја на кожа. Во 2004 година LEGO фигурите добиваат уште поширок спектар на бои на кожата, бидејќи е одлучено ликовите на лиценцираните производи треба да изгледаат што е можно повече како изворните ликови. Една од последиците е што фигурите од LEGO® Harry PotterTM линијата ја измениле бојата на кожата од жолта во автентичната боја на кожа на ликовите.
Системската креативност е фокус на сите LEGO® производи, а со тоа доаѓа и високиот квалитет и безбедност. На пример, ако ги набљудуваме најмладите деца, големината на елементите е многу значајна. Предшколските елементи се големи и благодарение на начинот на кој се обликувани, немаат делови кои можат да се одделат. Поради оваа и другите мерки за безбедност, децата на возраст од 18 месеци може безебдно да си играат со LEGO® DUPLO® производите. Сите LEGO елементи се во согласност со најстрогите стандарди за безбедност.