Александра Јанева за свадбата со Иван: „Го додадов презимето, ме земаа со адети од мојот дом во Струмица“

Дојдоа да ме земат од дома дур да трепнам - енергично, со бутање на вратата која ја чуваа моите блиски.

Во собата во која се криев, се смеевме и викавме гласно, и најемотивниот момент ми беше кога Иван конечно влезе внатре во собата, и кога се погледнавме двајцата со насолзени очи.

Со татко ми под рака излегов надвор, музиката ечеше и сите гости во еден глас пееја традиционални македонски песни.

aleksandra-janeva-za-svadbata-so-ivan-me-zema-so-adeti-od-mojot-dom-vo-strumica-proslavata-traeshe-do-zori-30.jpg

По орото и веселата музика следуваше венчавка во манастирот Св. Леонтиј во Водоча.

Ова беше период од 40-тина минути во кои ми стивнаа сите емоции и почувствував душевен спокој и поврзување со Бога и најважно - прифаќање на божјиот благослов за вечна љубов.

Регистрацијата ја направивме во ресторанот каде што се случи и вечерната прослава, во преубав идиличен амбиент на зеленило, збогатен со топлите звуци на пијаното.

aleksandra-janeva-za-svadbata-so-ivan-me-zema-so-adeti-od-mojot-dom-vo-strumica-proslavata-traeshe-do-zori-07.jpg

За вечерната прослава се погрижија момците од Арија бенд, со традиционална музика и забавен дел проследен со многу македонски, странски и екс-ју хитови.

А за време на вечера диџеј Фичо пушташе познати македонски хитови, кои предизвикаа насмевка кај сите гости.

Целата вечер се одвиваше енергично, разиграно, распеано. И помладите и повозрасните не здивнуваа од играње и кревање раце во ритамот на музиката.

aleksandra-janeva-za-svadbata-so-ivan-me-zema-so-adeti-od-mojot-dom-vo-strumica-proslavata-traeshe-do-zori-02.jpg

Клучната работа која ги креваше сите, мислам дека беше нашата енергија, мојата и на Иван.

И двајцата бевме премногу благодарни што сите нѐ испочитуваа и ни дојдоа на свадба и се обидовме на сите да им посветиме внимание какво што заслужуваат.

Поминавме време со сите, но и еден со друг, не се двоевме.

aleksandra-janeva-za-svadbata-so-ivan-me-zema-so-adeti-od-mojot-dom-vo-strumica-proslavata-traeshe-do-zori-02_1.jpg

Прославата траеше до рани зори и не сакавме да заврши.

И се уверив дека навистина е точно - свадбениот ден е најубавиот ден кој досега сум го доживеала“.

Повеќе фотографии во продолжение:

aleksandra-janeva-za-svadbata-so-ivan-me-zema-so-adeti-od-mojot-dom-vo-strumica-proslavata-traeshe-do-zori-06.jpg

aleksandra-janeva-za-svadbata-so-ivan-me-zema-so-adeti-od-mojot-dom-vo-strumica-proslavata-traeshe-do-zori-03_1.jpg

aleksandra-janeva-za-svadbata-so-ivan-me-zema-so-adeti-od-mojot-dom-vo-strumica-proslavata-traeshe-do-zori-34.jpg

aleksandra-janeva-za-svadbata-so-ivan-me-zema-so-adeti-od-mojot-dom-vo-strumica-proslavata-traeshe-do-zori-33.jpg

aleksandra-janeva-za-svadbata-so-ivan-me-zema-so-adeti-od-mojot-dom-vo-strumica-proslavata-traeshe-do-zori-32.jpg

aleksandra-janeva-za-svadbata-so-ivan-me-zema-so-adeti-od-mojot-dom-vo-strumica-proslavata-traeshe-do-zori-31.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Иван Јованов ја прегрнуваше и бакнуваше сопругата, на свадбата на нејзината сестра во Охрид Иван, иако беше гостин на свадбата, го зеде микрофонот, па запеа во чест на млад...
Први фотки од свадбата на пејачката Александра Јанева - Невестата носи венчаница со смело деколте, ... Традиционална свадба со трубачи, бела венчаница и букет од бели рози. Пејачката ...
Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото) „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејач...
Александра Јанева на меден месец на Малдиви: Плива со ајкули, ужива на плажа со коктели „Се смеам, ама од ражите ми беше повеќе страв“, напиша Александра на Инстаграм, ...
Иван Јованов направи мекици во кафеана за ќерката Ниа: Лепи пари на музичарите, пее со пријателите Со музика во живо и многу гости во скопски ресторан, Иван Јованов направи мекици...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg