Весна Петрушевска: „Посвоив деца зашто не можев да родам, полицајци ме држеа кога првпат го видов предаторот на ќерка ми“
Весна посебно се осврна на тешкиот период кога нејзината ќерка Мина беше жртва на педофилски напад.
„Таа беше кај татко ѝ на викенд. Да не бидам сфатена погрешно, тоа можело да се случи каде било. Кога сака нешто да се случи – се случува.
Таа многу сакаше да вози велосипед и возела и час и половина ја снемало.
Просто мајндсетот на сите тие предатори е идентичен – стотина документарци сум гледала... Значи матрицата, патернот, теркот е ист.
Што велат? Ги намамуваат, ги влечат во еден ќош, ги злоупотребуваат.
Секако, нема толеранција и за најмал допир, ако некој полнолетен допре малолетно дете.
Овде се работеше само за допири, но било тоа во гаража, каде што тебе да те однесам, ќе се уплашиш. Ѝ рекол: ‘Утре јас ќе те барам’ и ѝ дал 500 денари за да молчи“ – раскажува Весна.
Таа појасни дека Мина веднаш му кажала на брат ѝ Кирил, по што тој се јавил и ѝ кажал на водителката што се случило.
По ова, Весна отишла да ја земе ќерката и ја однела во полиција.
„Најголемото херојство што Мина го направи е тоа што таа веднаш кажа сѐ на дежурниот полицаец што се случило“ – раскажа Весна и дополни дека девојчето било извалкано од гаражата.
По ова веднаш биле ангажирани службите: јавен обвинител, социјален работник, инспектор и 11-годишната Мина почнала на сите да им ја раскажува приказната, па дури и ги извадила парите од џебот.
Како што вели Весна, Мина целосно го опишала пред сите предаторот што ја нападнал, а како што рече, при првата средба со него во полициската станица, полицајците морале да ја задржат.
„Јас летнав, мене ме држеа двајца полицајци. Јас летнав, јас ќе го удавев. Како да објаснам, во тие мигови немаш контрола, ти доаѓа да му го скинеш срцето, да му го извадиш гркланот.
Јас се извинувам на оваа отвореност, ама тоа е така. И притоа не можеш да се контролираш“ – вели Весна.
Потоа почнал долг судски процес.
„Мора да ти кажам дека многу беше страшно секое рочиште кога доаѓав и кога го гледав. Се надевав дека секое рочиште ќе се сврти и ќе каже ‘извини’, но тоа ниту еднаш не го направи“ – нагласи таа.
Во продолжение погледнете го целото гостување на Весна:
Б. С. Б. | Црнобело