Весна Петрушевска: „Посвоив деца зашто не можев да родам, полицајци ме држеа кога првпат го видов предаторот на ќерка ми“
- Детали
- среда, 21 февруари 2024
„Најголемото херојство што Мина го направи е тоа што таа веднаш кажа сѐ на дежурниот полицаец што се случило“ – Весна Петрушевска детално го опиша нападот што нејзината ќерка Мина го преживеала на 11 години...
Актерката Весна Петрушевска беше гостинка во подкастот на нашиот најпознат јутјубер Стефан Лазаров, каде разговараше на различни теми — од тоа како станала актерка, до насилството врз децата.
Таа зборуваше и за тоа зошто посвоила деца и како заради здравствените проблеми не била во можност да роди. Како што рече, на возраст од 31 година дознала дека не може да стане мајка по биолошки пат, па со поранешниот сопруг одлучиле да започнат процедура за посвојување деца.
„Јас пред 17 години отворено зборував за ендометриоза. Тоа една болест од 19-тиот век, каде што жената по некои исклучиви неправилности не може да роди.
И тоа е во суштина многу болно и јас се имам оперирано двапати од ендометриоза, и тоа тукушто стапив во брак.
И докторите ти велат: ‘Не можеш да имаш деца’. И сега замисли кога ти доаѓаат тројца врвни доктори и ти велат: ‘Може да се обидеме со ин витро, ама тешко’.
Ова е веројатно проблем на многу жени што тоа го прават. И ти се обидуваш со партнерот, и тој е трпелив и двапати направив ин витро, но не бидуваше“ – вели таа.
Весна надополни дека од мала знаела дека ќе посвои две деца.
Актерката раскажа како им соопштила на децата дека ги посвоила и дека од нивни 5 години знаеле дека се посвоени.
„Заради тоа после многу полесно го пребродивме пубертетот. И ден-денес немаат проблем со тоа“ – изјави актерката.