Каде се и како изгледаат денес учесниците на првиот „Македонски идол?“

Некои од учесниците во шоуто денес имаат успешна музичка кариера, некои ја сменија професијата, а некои целосно се повлекоа од естрадниот живот. Каде се денес учесниците на првиот „Македонски идол“?

kade-se-denes-i-shto-pravat-uchesnicite-na-prviot-makedonski-idol-01.jpg

Верувале или не, поминаа 14 години од емитувањето на првиот „Македонски идол“, кој за многу од учесниците беше одлична отскочна штица за понатамошна музичка кариера.

Шоуто започна да се емитува летото во 2010 година, а жирито беше составено од Игор Џамбазов, Тони Михајловски и Калиопи.

Ова беше едно најгледаните музички шоуа кај нас во тоа време, а учесниците веднаш се стекнаа со голема популарност.

Некои од настапите во шоуто и денес имаат огромна гледаност на Јутјуб.

Што прават денес и како изгледаат дел од натпреварувачите?

Иван Раденов

Победникот на ова шоу, гевгеличанецот Иван Раденов, денес живее и работи во Белград.

Според она што може да се види на неговите социјални мрежи, тој и понатаму е музички активен и редовно има настапи во белградските клубови.

Освен на музиката, Иван е посветен и на бодибилдингот и е во топ-форма.

kade-se-denes-i-shto-pravat-uchesnicite-na-prviot-makedonski-idol-02.jpg

Виктор Апостоловски

Момчето кое танцуваше и изгледаше како Џастин Тимберлејк беше симпатија на сите девојчиња.

Битолчанецот Виктор Апостоловски беше еден од фаворитите во шоуто и заврши во првите четири.

Тој и понатаму е активен на македонската музичка сцена, а веќе некое време и на ТикТок.

Минатата година Виктор заплови и во брачните води со својата избраничка Милена Доневска.

kade-se-denes-i-shto-pravat-uchesnicite-na-prviot-makedonski-idol-03.jpg

Јана Бурческа

Јана исто така беше еден од фаворитите и го освои петтото место во шоуто.

Таа ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2017 година, која се одржа во Киев.

Нејзиното момче Александар одлучи да ја запроси токму по нејзиниот настап, нешто што за првпат се случило на Евровизија.

Освен како пејачка, одлично се покажа и како водителка.

Приватно е сопруга и мајка на Дона и Дарин.

kade-se-denes-i-shto-pravat-uchesnicite-na-prviot-makedonski-idol-06.jpg

Билјана Ѓошева

Младата и шармантната Билјана беше една и од најзгодните учеснички на „Македонски идол“.

Билјана ја продолжи својата кариера со „Тумабо салса бенд“, групата на Петар Ренџов која изведува кубанска музика.

Долги години таа беше дел од оваа група и заедно имаа многу успешни настапи и концерти.

За време на пандемијата, Билјана одлучи да настапува и како уличен артист на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

kade-se-denes-i-shto-pravat-uchesnicite-na-prviot-makedonski-idol-07.jpg

Продолжува на следната страница



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Иван Јованов ја прегрнуваше и бакнуваше сопругата, на свадбата на нејзината сестра во Охрид Иван, иако беше гостин на свадбата, го зеде микрофонот, па запеа во чест на млад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg