Не е Швајцарија, Македонија е: Пониква како зимска разгледница, низ Инстаграм фотки
- Детали
- понеделник, 15 јануари 2024
Гранки надвиснати од снег, магична белина... Пониква изминатите денови наликуваше на зимска разгледница. Погледнете како изгледа нашиот ски центар низ објективот на Инстаграмџиите.
Додека голем број Македонци се упатуваат кон ски центрите во Европа и во земјите во соседството, на Инстаграм се споделени и повеќе фотки од убавините на нашите Осоговски Планини и ски центарот Пониква.
Годинава, Пониква е покриена под снег и е местото каде голем број Македонци одлучија да го поминат зимскиот одмор. Скијање, санкање, прошетки во природа...
На фотките објавени на Инстаграм, Пониква наликува на вистинска снежна бајка, а убавите пејзажи потсетуваат на убавините на Швајцарските Алпи.
Како што може да се види, временските услови во изминатите денови биле одлични, па голем број Македонци одлучиле токму таму да го поминат викендот.
Меѓу нив беше и модната инфлуенсерка Стефанија Кржеска, која на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотки од овој популарен македонски ски-центар:
Погледнете повеќе фотки од Инстаграм во продолжение:
https://www.instagram.com/p/C1_uVFDsvlI/
Б. С. Б. | Црнобело