Станари од Скопје за пофалба – Сами ги декорираа двата влеза во зградата со преубави цртежи на стакло и елки

„Сè е изработено од соседите, почнувајќи од сијаличките на елките, сè до сликањето на стакло и украсувањето на елките“ – велат во изјава за CRNOBELO.com, станарите на една од најубаво украсените згради во Скопје. 

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-01.jpg

Во предновогодишниот период, станарите од една скопска зграда се потрудиле заедничкиот простор во влезот да биде убаво украсен и среден.

Со труд и посветеност, станарите одвоиле време за влезот да биде декориран во духот на претстојните празници и со тоа се пример за тоа како треба да изгледа еден заеднички простор во зграда, но и за тоа што значи вистински соживот во станбен објект.

Некој се потрудил и дал придонес со својот талент за сликање, други со украсување на елки и средување на останатиот дел од просторот. Сè на сè, овие станари се пример дека заедничкиот труд може да даде резултат.

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-02.jpg

Двата влеза во зградата се декорирани речиси идентично, со новогодишни елки со сребрени лампиони и сијалички, цртежи на огледалата, но и на стаклата од влезните врати. Исто така, декориран е и дворот пред влезовите.

Па, затоа оваа зграда на улицата „Методија Ш. Шарло“ е еден од најубаво накитените простори во главниот град.

„Сè е изработено од соседите, почнувајќи од сијаличките на елките, сè до сликањето на стакло и украсувањето на елката“ – вели во изјава за CRNOBELO.com Александар, еден од станарите на зградата.

Тој вели дека цртежите се дело на Билјана Цветанова, која се занимава со цртање мурали, а зградата се наоѓа во населбата Аеродром и тамошните жители ја нарекуваат „зградата со бунарчето“.

Во продолжение погледнете неколку фотки од влезовите:

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-07.jpg

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-06.jpg

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-05.jpg

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-04.jpg

bravo-stanari-od-skopje-za-pofalba-sami-go-dekoriraa-vlezot-vo-sopstvenata-zgrada-03.jpg

Погледнете и кратко видео од уредувањето:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Бикини „двобој“ на Туна и Аделина - згодни мајки со извајани тела (фото) Привлечни и секси, со извајани тела, двете се „божици на плажата“ - Туна или Аде...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Викендов почнува летното сметање на времето + како влијае промената на луѓето? Овој викенд, помеѓу 30 и 31 март започнува летното сметање на времето, што значи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg