Славчо Поповски, метеоролог: „Неделава ќе има повеќе сонце, но од петок повторно се очекува дожд и снег“

„Времето ќе биде стабилно, суво и со повеќе сонце, особено на повисоките места и на планините, додека по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, и истата локално се очекува да биде густа“, вели метеорологот Славчо Поповски.

slavcho-popovski-meteorolog-kje-ima-povekje-sonce-no-od-petok-povtorno-se-ochekuva-dozhd-i-sneg-01.jpg

Викендов, па и утрово, веќе почнаа да се чувствуваат зимските температури, а покрај врнежите од дожд, на некои места, особено повисоките, имаше и снег.

Според метеорологот Славчо Поповски, неделава ќе има повеќе сонце, но на пониските места може да се појави и густа магла.

slavcho-popovski-meteorolog-kje-ima-povekje-sonce-no-od-petok-povtorno-se-ochekuva-dozhd-i-sneg03.jpg

Целата прогноза на Славчо во продолжение:

„По најновиот снежен бран кој ја зафати Македонија и направи многу проблеми, од денес до четврток силен Азорски антициклон ќе ја зафати нашата територија.

Времето ќе биде стабилно, суво и со повеќе сонце, особено на повисоките места и на планините, додека по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, и истата локално се очекува да биде густа.

НАПОМЕНА: Маглата и ниската облачност понекаде во котлините ќе се задржи и преку ден, со што и температурите на воздухот ќе останат ниски.

slavcho-popovski-meteorolog-kje-ima-povekje-sonce-no-od-petok-povtorno-se-ochekuva-dozhd-i-sneg02.jpg

Во Скопје и околината исто така ќе имаме стабилно и суво време, но во котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, кои би можеле да се задржат и преку целиот ден, со што и температурата ќе остане пониска.

Токму поради ова и поради можната намалена видливост, на возачите им препорачуваме да бидат крајно претпазливи.

slavcho-popovski-meteorolog-kje-ima-povekje-sonce-no-od-petok-povtorno-se-ochekuva-dozhd-i-sneg05.jpg

Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде остануваат под нулата, а максималните дневни температури ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Барем според моменталните анализи со кои располагаме, нов бран на врнежи од дожд и снег се очекува од петок“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има обилни врнежи од дожд, но и снег на повисоките места“ „Голем влажен бран ќе ја зафати територијата на Македонија денес попладне и наве...
Славчо Попоски, метеоролог: „Можни се обилни врнежи од дожд, грмотевици, но и појава на град“ „Очекуваме повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, како и засилен вет...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Матеја ја запроси саканата Драгана во Виетнам: Романтика на зајдисонце во ресторан на плажа „Мислев дека ќе ме запроси во Тајван, бидејќи пред да отидеме во Виетнам, таму ж...
Маријана и Росана слават роденден, едната во Македонија, другата во Австралија: „Ах, да можам да те ... „Мојата сестра, моето сè, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, моја...
Славчо Попоски, метеоролог: „До крајот на мај нестабилно време, можни се и поплави“ „До самиот крај на месец мај ќе се задржи значително топлото време, но и понатам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg