Дац и Александар за CRNOBELO: „Го запознавме дедо Панче - пред пола век во воз ја запознал својата љубов, и денес живеат среќни“

„Секоја разделба на Панче и Мира завршувала со нејзиниот шепот 'Воли ме' и неговите зборови 'Сакај ме'. Сочувале и една фотографија од тоа романтично време, кога патувале со 'возовите на љубовта'“, велат Дац и Александар за приказната што се крие зад нивната нова песна.

dac-i-aleksandar-za-crnobelo-go-zapoznavme-dedo-panche-pred-pola-vek-vo-voz-ja-zapoznal-svojata-ljubov-i-denes-zhiveat-srekjni-01.jpg

На 13 декември, популарното музичко дуо Дац и Александар, го претстави својот нов музички спот за песната „Воли ме, сакај ме”.

Песната, која моментално се врти на радиостаниците низ Македонија и во дел од соседна Србија, во себе крие емотивна приказна која му пркоси на времето.

Приказната се оживеа во песната

Уште во 70-тите години, младиот Панче (денес веќе дедо Панче) тргнал со воз на студентска екскурзија до Нови Сад.

Судбината посака токму таму да ја сретне неговата љубов Мира, а разменувањето на адресите направилo оваа љубов да пламне и покрај далечината и границите.

dac-i-aleksandar-za-crnobelo-go-zapoznavme-dedo-panche-pred-pola-vek-vo-voz-ja-zapoznal-svojata-ljubov-i-denes-zhiveat-srekjni-10.jpg

Нивната врска се разгорeла преку многубројните писма кои си ги праќале. Панче, вешт емотивец кој умеел со зборовите, ја магепсал Мира и нивната романса се одвивала како на филмска лента на шините на бивша Југославија.

Овој нивен танц од кејот на Вардар, преку возовите, па сè до Петроварадинската тврдина, траел повеќе од две години. Секоја нивна разделба завршувала со нејзиниот шепот „Воли ме“ и неговите зборови „Сакај ме“.

dac-i-aleksandar-za-crnobelo-go-zapoznavme-dedo-panche-pred-pola-vek-vo-voz-ja-zapoznal-svojata-ljubov-i-denes-zhiveat-srekjni-03.jpg

Кога конечно стигнала во Скопје, немало веќе назад. Мира имала уште еден испит на Економскиот факултет, а Панче веќе дипломирал и биле подготвени за заеднички живот.

Денес баба Мира и дедо Панче живеат во Скопје и уживаат во оваа оживеана романса во песната на Дац и Александар и нивните зборови „Воли ме, сакај ме“.

dac-i-aleksandar-za-crnobelo-go-zapoznavme-dedo-panche-pred-pola-vek-vo-voz-ja-zapoznal-svojata-ljubov-i-denes-zhiveat-srekjni-04.jpg

Тие сочувале и една фотографија токму од тоа романтично време од албумот на сеќавања, кога патувале со „возовите на љубовта“.

Дали е ова точна и вистински прераскажана или е само добро исплетена приказна? Заклучокот секој може да си го донесе, зашто кој може со сигурност да гарантира и да ги одгатне човечките приказни и судбини?

dac-i-aleksandar-za-crnobelo-go-zapoznavme-dedo-panche-pred-pola-vek-vo-voz-ja-zapoznal-svojata-ljubov-i-denes-zhiveat-srekjni-08.jpg

Едно е сигурно - популарното дуо Александар и Дац создаде заразна химна за предновогодишно расположение која е веќе хит на радиостаниците.

Автор е Александар Митевски, заедно со неговите соработници, докажаниот текстописец Огнен Неделковски, со кој работеа на текстот, и Ташко Грујовски, кој помагаше околу аранжманот.

Свиреше врвна екипа на музичари предводени од виртуозот на виолина Владимир Крстев, Дарко Илиевски и Грујовски, а продукцијата ја потпишува искусниот Мите Димовски и неговото студио „Тра Ла Ла“.

dac-i-aleksandar-za-crnobelo-go-zapoznavme-dedo-panche-pred-pola-vek-vo-voz-ja-zapoznal-svojata-ljubov-i-denes-zhiveat-srekjni-09.jpg

Големата мистерија која и понатаму тлее кај слушателите е кој ги пее женските вокали на српски јазик и кој е тој прекрасен харизматичен женски вокал. Дац и Александар велат дека оваа мистерија ќе се разреши на 31 декември кога во „Трибека“ ќе настапат на нивниот денски дочек на Новата година и ќе ја исполнат оваа песна.

Видеото е подготвено од агенцијата Division, во сликовит амбиент на вагоните од Македонски Железници Транспорт АД, а моделите од модното студио Црнокрак помогнаа да се оживее приказната на младиот пар.

dac-i-aleksandar-za-crnobelo-go-zapoznavme-dedo-panche-pred-pola-vek-vo-voz-ja-zapoznal-svojata-ljubov-i-denes-zhiveat-srekjni-06.jpg

Магијата на празниците

Дац и Александар подготвуваат и новогодишни подароци за своите најверни фанови: нова ЦД компилација со наслов „Најдоброто од нас“ со 18 песни каде се сместени сите нивни најзначајни хитови и изведби во живо од нивниот концерт во Драмски театар на 8 март - Посветено на жената.

Тие подготвуваат и брендирани маички со стилизирани наслови од нивните песни „Воли ме сакај ме”, „Уште ми фалиш” и „Душа боемска”.

За новогодишните празници, нека биде ова музичко патување со Дац и Александар кое му пркоси на времето, со оваа љубовна приказна врежана во мелодиите од Балканот.

dac-i-aleksandar-za-crnobelo-go-zapoznavme-dedo-panche-pred-pola-vek-vo-voz-ja-zapoznal-svojata-ljubov-i-denes-zhiveat-srekjni-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Ќерката на Александар Митевски слави матура: „Биди среќна и успешна“ Пет години откако правеше матурска прослава за ќерката Ања, Александар Митевски ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg