Тамара Тодевска направи роденденска забава за синот - Спајдермен журка и торта на 5 ката за Дарен
- Детали
- среда, 13 декември 2023
Пејачката Тамара Тодевска сподели дел од роденденската атмосфера и покажа како се забавуваат и децата и гостите, но и моментот кога Дарен ги дува свеќичките на тортата.
Синот на Тамара Тодевска, Дарен, наполни 5 години. Роденденот го прослави вчера (12.12) во игротека во Скопје, со многу другарчиња, но и со неговите омилени суперхерои - Спајдермен и Супермен.
И роденденската торта за Дарен на пет ката беше во тој стил - со Спајдермен, свеќички и прскалки.
Тамара преку фотки и видеа на Инстаграм Стори сподели дел од роденденската атмосфера и покажа како се забавуваат и децата и гостите, но и моментот кога Дарен ги дува свеќичките на тортата.
Уште утрото, Тамара откри дека му е роденден на Дарен, па објави фотографија на која тој држи торта во форма на срце со порака „Те сакам“ и бројката 5.
„Среќен роденден пиле мамино“, напиша пејачката на фотографијата.
Дарен е помалото дете на Тамара. Таа ја има и ќерката Хана.
А. Ј. | Црнобело