Прво видео од македонскиот настап на Јуниорскиот Евросонг, Тамара Грујеска звучи моќно во Ница
- Детали
- петок, 24 ноември 2023
Нашата претставничка на Јуниорскиот Евросонг, гостиварката Тамара Грујеска, имаше одлична втора проба во Ница, а организаторите објавија кратко видео и открија дел од македонскиот настап.
Тамара Грујеска, македонската претставничка на Јуниорскиот Евросонг 2023 ја одржа втората проба во концертната сала Palais Nikaia во Ница, Франција, каде што ја пееше песната „Кажи ми, кажи кој“.
Организаторите на музичкото натпреварување објавија кратко видео од пробата и во 30-тина секунди покажаа како ќе изгледа дел од настапот на нашата претставничка.
Тамара повторно доби многу комплименти и за пеењето, но и за изгледот на сцената, а нејзиниот настап се споделува и на Инстаграм Стори.
Тамара преку својот Инстаграм откри и како течат подготовките за настапот.
Таа сподели фотка од моментот кога ја шминкаат, пред да излезе на сцената, но и со Роберт Билбилов, кој е еден од авторите на песната (заедно со Дарко Димитров и Коста Петров), а кој е со Тамара во Ница од првиот ден, заедно со македонската делегација.
Прочитајте и Тамара Грујеска, нашата претставничка на Јуниорски Евросонг 2023: „Публиката ја прифати песната, сакаме да упатиме силна порака“
Јуниорскиот Евросонг во Ница се одржи на 26.11 од 16 часот.
Погледнете го видеото од пробата на Тамара:
Повеќе фотки од пробата:
А. Ј. | Црнобело / фото: Junioreurovision.tv