„Има големи шанси за победа“ – Позитивни коментари по првата проба на Тамара Грујеска на Јуниорски Евросонг во Франција
- Детали
- вторник, 21 ноември 2023
„Браво“, „Горди сме“, „Во 2024-та Скопје ќе биде домаќин на Јуниорската Евровизија“ – се дел од коментарите за првата проба на Тамара Грјуеска за Јуниорскиот Евросонг, што годинава ќе се одржи во Ница, Франција.
Нашата годинешна претставничка на Јуниорскиот Евросонг, Тамара Грујеска ја имаше својата прва успешна проба на сцената во концертната сала Palais Nikaia во Ница, Франција.
На нејзиниот Инстаграм профил се објавени неколку фотографии на кои може да се види како изгледа нашата годинешна претставничка на престижното европско натпреварување, додека ја изведуваше песната „Кажи ми, кажи ми кој“.
По минатогодишниот брз и динамичен настап на Лара, Јован и Ирина, нашата држава годинава ќе се претстави со моќна балада, со која Тамара ќе има можност да ги покаже своите неверојатни вокални способности, за кои со години наназад се зборува.
Спотот за песната е објавен на Јутјуб и веќе има голем број позитивни коментари.
„Прекрасна песна, со длабоко значење“;
„Ми се допаѓа како звучи Македонија“ – стои во дел од коментарите.
Инаку, како што може да се види и на фотографиите, Тамара на сцената дозволи да ја поведат емоциите, а нејзиниот огромен музичка талент ќе имаат можност да го слушнат евровизиските обожаватели од целиот свет.
„Браво“;
„Се гордееме со тебе“;
„Има големи шанси за победа“;
„Сигурен сум дека Скопје ќе биде домаќин во 2024-та година“;
„Таа е нашата хероина“ – стои во дел од коментарите до објавените фотографии на официјалниот Инстаграм профил на Јуниорскиот Евросонг.
Инаку, Јуниорскиот Евросонг ќе се одржи во недела (26.11) со почеток од 16 часот, а дотогаш Тамара ќе има уште проби на сцената.
Погледнете уште неколку фотки од настапот на Тамара:
Б. С. Б. | Црнобело