Порака од возач на брза помош: „Кога возиме бавно со вклучени сирени, внатре лекар пробува да спаси човечки живот“
- Детали
- сабота, 18 ноември 2023
„Кога ќе видите дека брзата помош се движи бавно, иако со вклучени сирени, тоа не значи дека возачот се шегува. Најверојатно превезува пациент со политраума, дете или трудница на породување, или само лекарот е на нозе и се обидува да спаси човечки живот кој виси на конец“, пишува на Фејсбук објава која се споделува кај нас.
На Фејсбук се споделува објава на која пишува дека е порака од возач во брза помош. Целта на оваа порака е да ни укаже зошто е важно да ги пропуштаме овие возила во сообраќајот, дури и ако ни се чини дека возат многу бавно.
Факт е дека повеќето мислиме дека овие возила секогаш треба да се движат брзо, но во објавата е објаснето зошто тоа не е секогаш случај и зошто треба да бидеме трпеливи.
Целата објава во продолжение:
„Порака од возач во брза помош:
Кога ќе видите дека брзата помош се движи бавно, иако со вклучени сирени, тоа не значи дека возачот се шегува.
Најверојатно превезува пациент со политраума, дете или трудница на породување, или само лекарот е на нозе и се обидува да спаси човечки живот кој виси на конец!
Ова бара прецизно и бавно возење. Ова го велам затоа што е вообичаено другите возачи да свират и да прават непристојни гестови затоа што гледаат кретен кој вози со сирена за итни случаи и во исто време брзата помош се движи бавно.
На овие луѓе им објаснуваме дека не возиме компири, туку луѓе, а понекогаш, покрај брзо возење, потребно е и побавно возење, бидејќи борбата за живот е на прво место.
Ве молам почитувајте нè нас возачите на возилата за итни случаи, дајте ни предност и запомнете дека порано или подоцна секој од вас може да се вози во задниот дел на брзата помош“.
Порака од возач во Брза Помош: Кога ќе видите дека брзата помош се движи бавно, иако со вклучени сирени, тоа не значи...
-->-->Posted by Ilija Vuckov on Friday, November 17, 2023
Спирова С. | Црнобело