Ги испеаја најубавите песни: Како изгледаа нашите поп-диви во младоста?
Маја Оџаклиевска
Една од првите жени на овие простори за кои може да се употреби зборот „дива“.
Својата кариера ја започнала кога имала само 15 години и за првпат се пријавила на аудиција за Радио Скопје.
Освен на македонската, популарна е и на српската музичка сцена и освен на македонски, пее и на српски јазик.
Меѓу најголемите хитови на Маја Оџаклиевска се: „Многу солзи“, „Шила“, „Лиду лидуду“, „Не допирај ме“, „Среќо кажи“, „Сребрени улици“...
Важеше за една од најубавите жени на естрадата и не е тајна дека и многу познати личности биле вљубени во неа.
Бора Чорба бил еден од нив.
Силвана Мучиќ Плевнеш
„Бакнеж како музика“, „Ме полудуваш“, „Само мој“, „Ако ме љубиш“ и, секако, најголемиот нивен хит испеан на „Макфест 91“ – „Ангели ме носат“, се песните кои нѐ враќаат во младоста и будат убави спомени кај секој од нас.
Влатко и Силви се во брак повеќе од 2 децении, а се запознале на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде Силви студирала.
Како што самиот раскажа во една пригода, на Влатко му било исклучително важно да ја освои Силви, во која тогаш биле заљубени сите студенти.
Олгица Христовска
„Свирете ја зајди, зајди“ е песната која ја одбележа кариерата на пејачката и актерка со глас кој е мелем за душата.
Олгица денес нема социјални мрежи и целосно е повлечена од естрадниот живот и театарот.
Кога пред 13 години ја добила ќерката, одлучила целосно да се посвети на мајчинството.
Денес таа има своја фирма која се занимава со креативна дејност и не е поврзана со сцената.
С. Ш. | Црнобело