Елена Божиновска – млада инфлуенсерка со светско признание за хуманитарна работа, која се бори за детските права

Младата Елена Божиновска, која веќе извесен период живее во Италија и е стипендист на италијанската влада и учи на магистерски студии, насока Бизнис менаџмент и иновации на Faculty of Economics La Sapienza Universita di Roma, е една од ретките инфлуенсерки кај нас којашто своето влијание на социјалните мрежи го користи со цел да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.

elena-bozhinovska-mlada-influenserka-so-svetsko-priznanie-za-humanitarna-rabota-koja-se-bori-za-detskite-prava-01.jpg

Дека успешно го прави тоа, потврда се двете признанија кои ги доби деновиве.

Имено, Елена ја доби реномираната награда Emerginh Europe за младински инфлуенсер на годината во Централна и Источна Европа за нејзината работа во поттикнување на општествени и правни промени за младите со помалку можности.

elena-bozhinovska-mlada-influenserka-so-svetsko-priznanie-za-humanitarna-rabota-koja-se-bori-za-detskite-prava-03.jpg

Втората награда, пак, е наградата 13 Ноември од Град Скопје од областа на хуманитарна активност за посебен придонес за правата на децата.

Инаку, Елена иако е доста млада, долги години наназад се занимава со хуманитарна работа, а децата и младите од самохрани и еднородителски семејства и борбата за нивни права е нешто на коешто се фокусира изминатиов период, и се труди на секој можен начин да им помогне на оние на кои тоа им е најпотребно.

elena-bozhinovska-mlada-influenserka-so-svetsko-priznanie-za-humanitarna-rabota-koja-se-bori-za-detskite-prava-02.jpg

Дека е на вистински пат потврда се овие две признанија кои се само дел од низата награди кои Божиновска ги има добиено изминативе години.

elena-bozhinovska-mlada-influenserka-so-svetsko-priznanie-za-humanitarna-rabota-koja-se-bori-za-detskite-prava-04.jpg

Нека Елена послужи како пример на сите останати инфлуенсери и нека нејзината активна хумана работа биде поттик и на другите своето влијание да почнат да го користат и за хумани цели.

elena-bozhinovska-mlada-influenserka-so-svetsko-priznanie-za-humanitarna-rabota-koja-se-bori-za-detskite-prava-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg