Миа Костова на кабаре како Мерилин Монро: Црвен кармин и смело деколте, во друштво на Сергеј Варошлија
- Детали
- среда, 15 ноември 2023
„Боже, колку си најубава“, коментираат следбениците на Миа Костова, која вчеравечер воодушеви со својот изглед во стилот на Мерилин Монро.
Инфлуенсерката Миа Костова вчеравечер (14.11) се забавуваше на кабаре во хотелот „Мериот“ во Скопје.
Иако цела вечер објавуваше видеа од кабарето и воодушевено коментираше дека Скопје заслужува едно вакво шоу, таа сепак поголемо внимание привлече со својот впечатлив изглед.
Миа имаше фризура и шминка во стилот на Мерилин Монро – со црвен кармин и црн ајлајнер, а косата ѝ беше извиткана во кадрици.
Таа носеше долг црн фустан, со смело деколте, па доби многу комплименти за стилот.
„Моја вечер“, напиша таа на фотката на која е насмеана и не крие дека ужива.
„Боже, колку си најубава“, стои во коментарите.
А на кабарето, Миа најмногу се дружеше со својот долгогодишен пријател, Сергеј Варошлија, па двајцата објавија многу заеднички фотки и видеа и пренесоа дел од атмосферата на своите следбеници.
Фотографии објави и Тијана Скулиќ, а на една од нив напиша: „Засекогаш моја љубов“.
Миа сподели и видео од својата трансформација, па повторно ги собра сите комплименти за совршениот изглед.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело