Искра Трпева, Ребека и Маја Панчева првпат заедно по долги години, ја вратија носталгијата по најубавите музички времиња
- Детали
- среда, 15 ноември 2023
„По многу години повторно заедно. Средба која нè наврати на многу убави спомени. Ќе си дозволам да кажам нешто за нас трите – жени полни со љубов, позитива, професионалност“, напиша Искра Трпева и објави фотки кои им вратија убави спомени на фановите.
Едни од најпопуларните пејачки од крајот на 1990-те и почетокот на 2000-тите години, Искра Трпева, Ребека Јанковска Ристески и Маја Гроздановска Панчева, по долги години гостуваа заедно во една емисија и објавија неколку фотографии.
Насмеани, среќни, прекрасни, трите дами ја вратија носталгијата кај фановите кои ги слушаа нивните хитови и растеа со песните што ги пееја.
„По многу години повторно заедно. Средба која нè наврати на многу убави спомени. Ќе си дозволам да кажам нешто за нас трите – жени полни со љубов, позитива, професионалност.
Веќе мајки и секоја со своја приказна. Прекрасно си поминав на вчерашното снимање. Дами мои, ве сакам и почитувам“, напиша Искра на фотографиите што ги сподели на Фејсбук.
„Го имав истото чувство, драги мои Искра и Маја“, напиша Ребека во коментари.
„Колку убаво што се видовме и едвај чекам да се видиме пак на 30 ноември“, додаде Маја.
Фановите, пак, им напишаа дека се и понатаму прекрасни, а времето за нив како да застанало.
Трите пејачки не се многу активни на музички план, но на 30 ноември ќе настапат на концертот 99 Megastars во „Јане Сандански“ и заедно со уште многу изведувачи, кои беа актуелни пред 20 години, ќе испеат некои од своите најголеми хитови.
Се сеќавате ли на некои од нивните најголеми хитови?
Ребека Јанковска Ристeски
Искра Трпева
Маја Гроздановска Панчева
#Posle mnogu godini povtorno zaedno Sredba koja ne navrati na mnogu ubavi spomeni... Kje si dozvolam da kazam neshto za...
Posted by Iskra Trpeva Arsovska on Monday, November 13, 2023
А. Ј. | Црнобело