Емра Куртишова со бебето во кафеана: „Не мора ракија, нека проба од макалото“, ѝ порача Џамбазов
- Детали
- вторник, 14 ноември 2023
Исаура од „Преспав“, која се породи пред три недели, ја одведе ќерката во позната скопска гостилница и објави фотка на Инстаграм.
Актерката Емра Куртишова, која на 27 октомври ја роди ќерката Лена, со бебето отиде во гостилница во Скопје.
„Прво одење на Лена во кафеана“, напиша на Инстаграм актерката, која е најпозната по улогата на Исаура од хит серијата „Преспав“.
Првиот коментар го доби од Игор Џамбазов, кој во популарната хумористична серија го глуми Миле Бузалковски.
„Е ако де. Не мора одма со ракија. Од макалото нека проба,“ напиша Џамбазов во свој стил.
„Не јадела лук,“, му одговори таа.
Емра, која се породи пред околу 3 недели, ја криеше бременоста од јавноста, па ги изненади фановите кога 3 дена по породувањето објави фотка на Инстаграм и откри дека станала мајка.
Веста за раѓањето на бебето прв ја објави нејзиниот сопруг, актерот Петар Стојанов.
За потсетување, Емра и Петар се венчаа во јуни 2023, по 3 години врска.
Прочитајте и „Добредојде ќерко Лена“ - Исаура од „Преспав“ стана мајка, 4 месеци по свадбата со колегата Петар Стојановски
А. Ј. | Црнобело