Есенската идила во Крушево, низ објективот на фотографката Ана Петроска
- Детали
- вторник, 14 ноември 2023
Крушево останува најубаво во секое годишно време, иако боите на крушевската корија не се толку истакнати оваа есен. Младата фотографка Ана Петроска од Скопје е вљубеничка во фотографијата, а Крушево е местото каде постојано наоѓа инспирација за нови фотографии. За CRNOBELO.com, Ана споделува фотографии од есенската идила во убавиот македонски град.
Ана Петроска ни испрати неколку фотографии преку кои ни доловува како изгледа Крушево оваа есен, иако, како што вели, боите на коријата не се толку истакнати оваа година.
„Моите фотографии зборуваат за секој дел од годината. Секое годишно време, секој ден носи нешто ново во градот на 1.250 метри надморска височина и тоа сакам да го претставам преку фотографија.
Центарот на градот, околната шума и атмосферата помеѓу луѓето се поинакви, но не помалку убави. Времето е невообичаено сончево и со повисоки температури.
Таквите временски услови се одлични за фотографиите преку кои сакам да понудам перспектива на сите кои доаѓаат во допир со моите дела.
Сè уште се пие кафе на отворено, очилата за сонце се препорачуваат, а забележувам дека туристите го користат убавото време да одморат во Крушево“ – вели Ана во изјава за CRNOBELO.com.
Со падот на температурите, многумина очекуваат да го видат првиот снег во највисокиот град на Балканот, а дотогаш погледнете како изгледа есенската идила во еден од најубавите градови во Македонија.
Повеќе фотографии во продолжение: