Адријан Гаџа на семејно патување во Венеција со мајка му Сузана, која ја нарекува „супер мајка“ (фото)
- Детали
- вторник, 14 ноември 2023
Поранешниот пејач Адријан Гаџа е на патување во Венеција со својата мајка Сузана, за која често знае да каже дека е „супер мајка“.
Адријан Гаџа веќе неколку дена е на семејно патување во Венеција со својата мајка Сузана. Тие уживаат во посетата на еден од најубавите италијански градови, а Адријан, кој ретко споделува приватни фотки на социјалните мрежи, објави неколку заеднички фотографии на Инстаграм.
Тој откри дека со мајка си се прошетале низ градот, а дека биле и на вечера во познат ресторан кој се наоѓа во близина на мостот Ријалто, една од главните туристички точки во Венеција.
Адријан често оди во Венеција. Во 2021 година таму беше со својот брат, виолинистот Дритон Гаџа, кога направија вистинско шоу на плоштадот Сан Марко, додека играа и се снимаа за ТикТок и Инстаграм.
Некогашниот пејач, пак, за својата мајка често знае да каже дека е „супер мајка“ и не пропушта можност да ја пофали и да нагласи колку таа се грижи за семејството.
Покрај одличниот однос кој го има со неа, Адријан и Сузана одлично соработуваат и на деловно поле, па заеднички се грижат за нивниот ресторан кој се наоѓа во населбата Топанско поле.
А. Ј. | Црнобело