Maлата Мила, родена со 1.260g на Клиниката за гинекологија во Скопје, си отиде дома по 48 дена на интезивна нега
- Детали
- петок, 10 ноември 2023
„По 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), нашата Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, ја испративме од Клиниката за гинекологија...“, гласи објавата за малото бебе херој.
Уште еден мал херој си замина дома со своите среќни родители.
Овој пат тоа е Мила, која се роди со 1.260g на Клиниката за гинекологија во Скопје во 27-та гестациска недела.
Објавата од Клиниката за гинекологија во Скопје на Фејсбук гласи:
„И нашата Мила си отиде дома!
Во прегратките на своите родители, вчера (09.11) во стабилна состојба и со телесна тежина од 2.320 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе.
После 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), нашата Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, на наша огромна радост, ја испративме од Клиниката за гинекологија.
Мила е родена во 27 гестациска недела, со тежина од само 1.260 грама.
Ѝ посакуваме да биде иста како што е и значењето на нејзиното име и да се бори низ животот со истиот жар што го покажа уште од првиот миг од своето раѓање, во текот на овој еден и пол месец поминат на ОИНТ.
На мама и тато да им носи само убави моменти и радости“.
И НАШАТА МИЛА СИ ОТИДЕ ДОМА Во прегратките на своите родители, вчера во стабилна состојба и со телесна тежина од 2320...
Posted by ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје on Friday, November 10, 2023
С. С. | Црнобело