Моделот Стефан Спирковски една година по несреќата со АТВ на Караџица се потсети на страшниот ден: „Ова ми е втор роденден“
- Детали
- четврток, 09 ноември 2023
„Помина точно една година од сообраќајната несреќа која ми се случи и, за среќа, помина со минимални последици... Господ или Св. Димитрија ме чувале. Овој ден досега беше наша слава, а од оваа година ќе биде и мој втор роденден“, напиша моделот Стефан Спирковски, кој минатата година со АТВ падна во провалија на Караџица.
Моделот и фитнес инфлуенсер Стефан Спирковски, минатата година на Митровден (8 ноември 2022) имаше несреќа на Караџица, кога со уште едно лице, падна во провалија со АТВ. За среќа, двајцата беа извлечени живи, со повреди на телото, по што Стефан имаше неколку операции и помина неколку месеци на рехабилитација.
Една година по несреќата, тој на својот Инстаграм објави неколку фотографии со кои откри дека од оваа година Митровден ќе го слави како свој втор роденден, а не само како семејна слава, како што било досега.
„Дека животот е лудо патување и ништо не е загарантирано во него се уверив на овој ден (08.11), точно пред една година.
За среќа, последиците беа минимални, што би се рекло, Господ или Св. Димитрија ме чувале. Овој ден досега беше наша слава, а од оваа година ќе биде и мој втор роденден. Нека е за многу години.
Живејте го секој ден како да ви е последен, затоа што животот нема реприза“, напиша Стефан.
Покрај фотографиите од црква, тој сподели и неколку фотки и видеа од времето поминато во болница, но и од рехабилитацијата и тренинзите кои му помогнале една година по несреќата да е повторно во форма.
„Денес е голем и многу битен ден за мене. Помина точно една година од сообраќајната несреќа која ми се случи и, за среќа, помина со минимални последици...
Нека ви е среќна слава и именден на сите што го празнувате овој ден“, напиша вчера Стефан на Инстаграм стори и објави икона од Св. Димитрија.
„Среќна слава, да ви е домот секогаш полн и топол, а ти да си жив и здрав до стотче“, „Браво, ретко кој така брзо се рехабилитира“, му напишаа следбениците во коментарите.
Брзо по несреќата минатата година, Стефан откри дека девојка го возела АТВ-то со кое се тумбале, а тој се држел за две гранки и висел скоро 4 часа во провалија додека чекал да го спасат.
Прочитајте и Стефан Спирковски, по несреќата со АТВ на Караџица, се огласи од болница: „Се тумбавме во провалија, 4 часа висев на две гранки“
А. Ј. | Црнобело