Мал борец! Бебе од само 940g, родено на Клиниката за гинекологија во Скопје, си замина дома тешко 2kg
- Детали
- вторник, 07 ноември 2023
Родителите на Едон пресреќни го носат малиот борец дома. Тој се роди предвреме во 27-тата гестациска недела, а сега тежи 2.110g, по 77 дена битка.
Уште едно бебенце родено предвреме во Скопје ја извојува својата најважна битка и сега си оди дома со своите родители.
Овојпат тоа е малиот Едон, роден со само 970g во 27-та гестациска недела.
Објавата од Клиниката за гинекологија во Скопје на Фејсбук гласи:
„По 77 дена, малиот борец Едон замина дома
По 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.
Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испративме со телесна тежина од 2.110g.
На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа.
На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон“.
ПО 77 ДЕНА НА ОИНТ, МАЛИОТ БОРЕЦ ЕДОН СИ ЗАМИНА ДОМА Уште една убава приказна за мал и вистински борец доаѓа од...
Posted by ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје on Tuesday, November 7, 2023
С. С. | Црнобело