Тијана Дапчевиќ во кул стајлинг во Скопје со специфични чорапи, по забавата со колегите од „Преспав“
- Детали
- вторник, 07 ноември 2023
Тијана Дапчевиќ повторно го привлече вниманието со својот специфичен моден стил, па додека чекаше во студио за тетовирање во Скопје, по забавата со колегите од „Преспав“, објави фотки на Инстаграм на кои доминираа кул чорапите со ликот на Супермен.
Тијана Дапчевиќ се опушта во Скопје, откако го заврши снимањето на новата, седма сезона на најпопуларниот македонски ситком „Преспав“.
Таа на својот Инстаграм објави неколку фотки од студио за тетовирање во Скопје, а вниманието го привлече со својот кул стајлинг, пред сè со впечатливите чорапи со ликот на Супермен.
Тијана се опушти, откако претходно со колегите од серијата „Преспав“ со журка го прославија крајот на снимањето на седмата сезона од хит-серијата.
Новата сезона на „Преспав“ доаѓа по скоро две години пауза, откако шестата сезона се прикажуваше на крајот на 2021 година.
По напорните снимања, актерите направија журка за паметење, на која беше целата екипа - од актери, до сите што работат на реализација на серијата.
Тие се забавуваа во скопски клуб, со бенд со труби, а Тијана Дапчевиќ отпеа неколку песни и ги крена сите на нозе.
Со неа пееше и Дритон Вејсели, познат како Талат од Џепчиште.
„Тијана е предводник на забавата“, напиша актерката Ана Стојановска, која објави видеа од журката на Инстаграм стори.
Освен Ана, и актерката Јелена Јованова, односно Јелена од Драчево, објавија фотки и видеа со порака „завршивме со снимање“.
Дека ја снимаат седмата сезона, актерите открија неодамна, кога се собраа заедно на вечера во ресторан и објавија фотографија од атмосферата.
Фановите на серијата, пак, веќе почнаа да прашуваат кога ќе излезе новата сезона и не криеја дека се среќни што омилениот пансион „Преспав“ и сите забавни ликови се враќаат на ТВ-екраните.
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм