Сара и Димитар пресреќни, откако по неколкудневна потрага го најдоа миленикот: „Атос се врати дома“
- Детали
- недела, 05 ноември 2023
„Неизмерно благодарам до сите драги пријатели што ни помогнаа и се приклучија во потрагата“ – напишаа Сара Мејс и Димитар Атанасовски во својата објава по повод враќањето на нивното милениче, лабрадорот Атос во нивниот дом.
Пред неколку денови нашата пејачка и харфистка Сара Мејс објави апел за помош на социјалните мрежи, со којшто побара нејзините следбеници да им помогнат за да го најдат нивниот миленик, лабрадорот Атос.
Лабрадорот е повеќе години дел од семејството на Сара и Димитар, па тие чeстопати го нарекуваат „кучето-човек“ или „нивното прво дете“.
На 31-ви октомври Сара објави фотографија на Инстаграм Стори со која апелираше да им се помогне за да го најдат нивниот миленик.
Конечно, по еднонеделна потрага Атос е повторно дома, а Сара објави кратко видео со кое им се заблагодари на соседите што им помогнале:
„Дечки, мисиров си дојде дома… Односно комшиите ни го донесоа… Најголемо благодарам до Боки и Дуле комшиите што го видоа и го прибраа. И неизмерно благодарам до сите вие драги пријатели што ни помогнавте и се вклучивте во потрагата“ – напишаа Сара и Димитар до видеото.
„Види колку си ослабнат. Леле, како мириса“ - му вели Сара на миленикот во видеото, но сепак е пресреќна што тој конечно се вратил дома.
Нивната објава привлече голем број коментари. Некои се пресреќни што приказната добро се завршила и Атос е повторно со своето семејство, додека други советуваат кучето да се кастрира или да му се вгради чип за во иднина да не се случува да се загуби.
Б. С. Б. | Црнобело