Позитива на денот: Дизајнерката Ирина Тошева спаси бувче што го нападнале врани во „Жена парк“ - го нахрани и го пушти
- Детали
- петок, 03 ноември 2023
„Поминав 13 часа со ова бувче, по спасувањето утрото од клуновите на враните во 'Жена парк'. Откако му најдов безбеден простор да закрепне од траумата и малку храна, вечерта ја врати силата и полета назад во своето природно живеалиште“, ја започнува својата објава Ирина Тошева и споделува детали за случката во Скопје.
Ирина Тошева е наша дизајнерка, која веќе години наназад твори на нашата модна сцена, но и остава впечаток со својата хуманост.
Еден од нејзините такви проекти беше нагласувањето на вредноста на занаетите, кои полека, за жал, изумираат кај нас.
Сега, пак, изненади со мало хумано дело од секојдневието.
Таа пронашла бувче во близина на Споменикот на жената борец, кој се наоѓа во паркот пред Трговскиот центар во Скопје и се погрижила за него.
Нејзината објава на Инстаграм за случката гласи:
„Поминав 13 часа со Бувритце, по спасувањето утрото од клуновите на враните во 'Жена парк'.
Откако му најдов безбеден простор да закрепне од траумата и малку храна, вечерта ја врати силата и полета назад во своето природно живеалиште.
Со огромна помош од Велиан Јагев се запознав со светот на бувовите и уште еднаш се потсетив колку секое живо суштество е извонредно на свој начин.
Благодарност и до тетката од месарницата која слатко ми се изнасмеа, но сепак пресече парче мевце гратис.
Мевцето пред да биде дегустирано си помина и инспекциски надзор од моите миленици Мини и Блашка“.
С. С. | Црнобело