Борко Ристовски во прегратка на ќерката и синот прослави роденден: „41 година, а се чувствувам како 25“
- Детали
- четврток, 02 ноември 2023
„Мала торта за голема бројка на години. Немам што да додадам. Трудете се секој ден да бидете што е можно подобри луѓе, простувајте и уживајте во животот затоа што реприза нема. 41 година, а се чувствувам како 25“, напиша поранешниот ракометен голман Борко Ристовски.
Поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски, денес (02.11) полни 41 година. Тој објави неколку семејни фотографии на Инстаграм, па вели дека и покрај тоа што влегува во петтата деценија, се чувствува ко да има 25 години.
„Мала торта за голема бројка на години. Немам што да додадам.
Трудете се секој ден да бидете што е можно подобри луѓе, простувајте и уживајте во животот затоа што реприза нема. 41 година, а се чувствувам како 25“, напиша тој.
https://www.instagram.com/p/CzI-6K2tjds/
Борко роденденот го прослави со семејството, сопругата Нина, синот Душан и ќерката Анастасија.
Заедно ги дувнаа свеќичките на тортата, а поранешниот голман објави и неколку фотки на социјалните мрежи.
Пријателите, но и обожавателите му го честитаа роденденот, а имаше и такви кои побараа да им чува парче од тортата, бидејќи им изгледала многу вкусна на фотките.
Борко, кој ја заврши професионалната кариера во „Вардар“, сега работи како извршен директор на клубот.
https://www.instagram.com/p/CnFeB9PNYsO/
https://www.instagram.com/p/CoHSDs8N8S_/
A. J. | Црнобело