Светлана и Мики Црнокрак го прославија 12-тиот роденден на ќерката Нина: Забава во детска дискотека, бела торта и сребрени балони
- Детали
- среда, 01 ноември 2023
Со забава во дискотека за деца, Мики и Светлана Црнокрак го прославија 12-тиот роденден на својата помала ќерка, Нина.
Нина, помалата ќерка на Светлана и Мики Црнокрак, наполни 12 години.
Таа роденденот го прослави во скопска детска дискотека, а Мики на својот профил на Фејсбук објави неколку фотографии од забавата.
Зa роденденот Нина избра бела торта на која беше „исцртан“ календар и одбележан датумот на нејзиното раѓање, со свеќички со порака „Среќен роденден“.
Имаше и сребрени балони со бројки, кои откриваа дека Нина слави 12-ти роденден.
„Преслатка е, цела на мама и тато“,
„Кукличка убава, нека е среќна“,
„Секогаш да е вака насмеана“, се дел од коментарите на Фејсбук.
Нина беше дотерана во мини здолниште и топ во виолетова металик боја.
Нејзината постара сестра, Моника, и мајка ѝ Светлана, избраа елегантни црни комбинации.
За потсетување, Нина тргна по стапките на своите познати родители и сестра ѝ.
Таа во јуни 2023 победи на изборот Little Miss Planet што се одржуваше во Бугарија.
Прочитајте и Ќерката на Мики и Светлана, Нина Црнокрак (11), е Little Miss Planet 2023
A. J. | Црнобело