Македонските Дејвид и Викторија Бекам се прошетаа на скопскиот аеродром (фото)

Македонскиот фотограф Стефан Соколовски и моделот Луна Декиќ Стефановска го пресликаа стилот на Дејвид и Викторија Бекам, па се прошетаа како славниот фудбалер и поранешната пејачка на скопскиот аеродром.

fotografot-badstef-kopirashe-scena-so-dejvid-i-viktorija-bekam-na-aerodrom-pa-predizvika-voodushevuvanje-na-instagram-01.jpg

Фотографот Стефан Соколов, на Инстаграм познат како Badstef, објави серија фотографии направени на аеродромот во Скопје, каде што со заедно со моделот Луна Декиќ Стефановска пресликаа еден од стајлинзите на Дејвид и Викторија Бекам на аеродром.

„Дејвид и Викторија Бекам штотуку слетаа“, напиша тој на фотките.

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Sokolovski (@badstef)

Стефан е облечен во црна комбинација со бели влечки, исто како славниот фудбалер, а Луна носи кафеав мини фустан со патент кај градите, исто како дизајнерката и поранешна Спајс-девојка.

fotografot-badstef-kopirashe-scena-so-dejvid-i-viktorija-bekam-na-aerodrom-pa-predizvika-voodushevuvanje-na-instagram-02.jpg

Тие имаат и куфери од брендот Louis Vuitton, кои многу наликуваат на куферите кои Дејвид ги турка на количка на аеродромот.

fotografot-badstef-kopirashe-scena-so-dejvid-i-viktorija-bekam-na-aerodrom-pa-predizvika-voodushevuvanje-na-instagram-04_copy.jpg

Стефан на Инстаграм ги објави и оригиналните фотки за споредба. А на неговите и на следбениците на Луна им се допадна фотосесијата, па во коментари им оставија пораки со емотикони срциња, оган и ѕвезди.

fotografot-badstef-kopirashe-scena-so-dejvid-i-viktorija-bekam-na-aerodrom-pa-predizvika-voodushevuvanje-na-instagram-08_copy.jpg

Меѓу оние кои коментираа беа и дизајнерката Ивана Кнез и пејачката Мартија Станојковиќ.

fotografot-badstef-kopirashe-scena-so-dejvid-i-viktorija-bekam-na-aerodrom-pa-predizvika-voodushevuvanje-na-instagram-03_copy.jpg

За потсетување, Стефан кој важи за еден од нашите најдобри фотографи, пред извесно време беше дел од Модната недела во Милано, каде што ја фотографираше познатата италијанска манекенка Маделина Ганеа, која е една од најубавите жени во светот.

fotografot-badstef-kopirashe-scena-so-dejvid-i-viktorija-bekam-na-aerodrom-pa-predizvika-voodushevuvanje-na-instagram-07_copy.jpg

Прочитајте и Македонски фотограф направи фотосесија на една од најубавите жени во светот, Мадaлина Генеа: „Се запрепастив кога дознав која е“

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Стефан од Некст Тајм се вери со саканата: „Рече засекогаш“ Со Инстаграм објава, Стефан Филиповски од дуото Некст Тајм откри дека се верил с...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Со зурли и тапани сред село и преку 30 обичаи, Стефана и Даријан се венчаа на Галичка свадба 2024 Стефана Димитрова и Даријан Кочоски вчера (15.07) се венчаа во црквата „Св. Пета...
Нашиот Стефан во чест на Тоше вози велосипед од Крушево до Нова Градишка: „Имам болки во коленото, н... „Тоше беше посебен човек, со чисто срце, со подеднаква љубов за сите. Со бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg