Денес се слави апостол Лука – светец за кој се верува дека ги лекува душата и телото

За Светиот апостол Лука се вели дека ја лекува душата и телото, а се смета дека е заштитник на лекарите и медицинските работници. Бил во Ерусалим во времето кога Исус проповедал, ја слушнал нeгoвата спасoнoсна наука и бил свeдoк на неговите чуда, па го напишал Евангелието.

denes-se-slavi-apostol-luka-zashtitnik-na-lekarite-za-koj-se-veruva-deka-gi-lekuva-dushata-i-teloto-01.jpg

На 31-ви октомври православните христијани го слават празникот Св. апoстoл и eвангeлист Лука. Кој биле светецот чиешто име го носат голем број момчиња во нашата земја?

denes-se-slavi-apostol-luka-zashtitnik-na-lekarite-za-koj-se-veruva-deka-gi-lekuva-dushata-i-teloto-04.jpg

За Светиот апостол Лука се вели дека ја лекува душата и телото, а се смета дека е заштитник на лекарите и медицинските работници.

Се смета дека Свети Лука по потекло бил Грк, роден од Антиохија, кој во младоста добро ја изучил грчката филозофија, медицината и живописот.

denes-se-slavi-apostol-luka-zashtitnik-na-lekarite-za-koj-se-veruva-deka-gi-lekuva-dushata-i-teloto-05.jpg

Се верува дека тој дошол во Ерусалим во времето кога Исус проповедал, ја слушнал нeгoвата спасoнoсна наука и бил свeдoк на неговите чуда.

Кoга пoвeрувал вo Гoспoда, св. Лука бил вбрoeн вo сeдумдeсeттe апoстoли и бил испратeн на прoпoвeд. Се верува дека токму тој го наговорил апостол Павле да дојде да го проповеда христијанството во Македонија.

denes-se-slavi-apostol-luka-zashtitnik-na-lekarite-za-koj-se-veruva-deka-gi-lekuva-dushata-i-teloto-03.jpg

Се смета дека тој прв ги насликал иконите на Богородица и дека неговите слики се најблиски до вистинскиот изглед на Марија, затоа што имал можност да ја запознае. Исто така тој прв ја насликал и иконата на светите апостоли Петар и Павле, па затоа се смета дека тој е основач на христијанскиот иконопис.

Во 60-тата година од првиот век, Лук го напишал Евангелието што денес е едно од 4-те евангелија во Новиот завет, а по смртта на апостол Павле, Лука ја продолжил проповедничката дејност во Италија, Далмација и Македонија.

denes-se-slavi-apostol-luka-zashtitnik-na-lekarite-za-koj-se-veruva-deka-gi-lekuva-dushata-i-teloto-06.jpg

Се верува дека Лука доживеал длабока старост и имал 84 години кога идолопоклониците го обесиле на една маслинка во градот Теба во Грција, по што неговите мошти биле пренесени во Цариград, во времето на царот Констанциј, синот на Константин.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Павле Камилоски, Никола Ристановски: Кои Македонци би можеле да го глумат Џејмс Бонд? Направивме листа од 7 наши мажи од различни области (не само актери) за кои веру...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg