Модна доминација на Антониа Гиговска, Полина Тасева - најпровокативна: Модата на 16-тиот роденден на Backstage
Во црно издоминираа пејачките Мартија Станојковиќ, Александра Јанева, некогашните манекенки, а сега водителки Светлана Црнокрак и Вера Мештеровиќ.
Меѓу највпечатливите беше пејачката Полина Тасева, која носеше креација на Горан Папаз – ултра краток фустан во бакарна боја со големи цветови.
Ни мажите не потфрлија со стилот. Па, како што доликува на една ваква забава, повеќето од нив беа облечени во костуми, со модерен и класичен крој.
Иако доминираше црната боја, имаше и такви кои избраа тегет и кафеави комбинации.
Меѓу гостите беа и водителката Снеже Велков, актерката Ана Стојановска, музичарите Виктор Апостоловски, Владо Јаневски, Роберт Саздов, Теа Трајковска, Таско, Миле Кузмановски, Мартијан Кириловски, Марио Арангеловски, стилистите Даниел Николовски и Октај Сејди, инфлуенсерките Агнеса Органџиева и Нина Ред, мотоциклистот Христијан Бузалковски, и многу други.