Модна доминација на Антониа Гиговска, Полина Тасева - најпровокативна: Модата на 16-тиот роденден на Backstage
- Детали
- вторник, 31 октомври 2023
Цела естрада вчеравечер (30.10) дојде на роденденската забава на естрадниот магазин Backstage. Тука беше и првата водителка на оваа емисија Марјана Станојковска, но и Лара Иванова и Антониа Гиговска, Пајак, Дарко Димитров, Миле Кузмановски, Владо Јаневски... Ова беше журка која ќе се памети и поради добрата забава, но и по модните изданија на гостите.
Естрадниот магазин Backstage вчеравечер (30 октомври) го прослави 16-тиот јубилеј со голема забава.
На журката присуствуваа и музичари и политичари, и спортисти и актери, но и некои од првите водители, кои пред повеќе од една деценија со своите идеи, напорна работа и ентузијазам ја создаваа оваа емисија.
На црвениот тепих во хотелот „Холидеј Ин“ гостите ги пречекуваше уредничката на емисијата, Ева Јакимовска, а пејачката Мина Блажев, во улога на водителка, им правеше интервјуа на дел од јавните личности кои дојдоа да го прослават нивниот јубилеј.
Ева Јакимовска
Во свој стил, Backstage и овој пат им доделија награди на најуспешните за оваа година, па така, Лара Иванова беше избрана за пејачка на годината.
За балканска ѕвезда наградата ја доби Пајак, а Елиф Елмас за најдобар спортист.
„Либеро бенд“ се најдобрата македонска група, а Сара Климовска е најдобра актерка.
Дарко Димитров, пак, е најдобар композитор за 2023-та.
Но, голем впечаток оставија и гостите со својот стил.
Марјана Станојковска, првата водителка на Backstage дојде облечена во кратко бело-сребрено фустанче.
Сребрен аутфит избраа и пејачките Антониа Гиговска, Лара Иванова и Ивона Јо.