Давид Мукка, Македонец со урбан моден стил: „Носам сè – од здолништа до костуми“

„Носам сè - од здолништа до сакоа. Изгледот ми варира според расположението. Не би облекол фенси италијански патики со циркони, или пак некоја од оние чантички што често ги носат мажите на Балканот или во Мексико. Не тргнувам на пат без чизми и влечки, а чевли носам само на премиери или интервјуа кога промовирам филм“, вели за својот стил македонскиот актер и музичар со финско потекло, Давид Мукка.

ubavi-makedonci-david-mukka-akter-i-muzichar-so-vpechatliv-moden-stil-01_copy.jpg

Не постои едноставен начин да се опише Давид Мукка. Македонскиот актер, кој по татко има финска крв, глуми во десетина филмови и серии, вклучувајќи и проекти на американскиот пазар.

Имаше главна улога во македонскиот серијал Black Ops, краткиот филм The Elephant и новиот филм Ingrid And I, кој наскоро треба да има премиера. Се појави и во ситкомот „Преспав“, како компјутерскиот хакер Арчи.

Но, Давид е и музичар, кој има снимено три албуми, па паралелно е посветен на двете кариери.

Освен со професијата, тој привлекува внимание и со својот впечатлив стил на облекување, па организаторите на неколку модни настани кај нас, изминатиов период го поканија да биде гостин-модел на нивните ревии.

david-mukka-makedonec-so-urban-moden-stil-nosam-se-od-zdolnishta-do-kostumi-02.jpg

За својот изглед и стилот, Давид за CRNOBELO.com вели:

„Носам сè - од здолништа до сакоа. Изгледот ми варира според расположението, а естетиката е елемент што сам по себе екстерно се проектира, особено кога си релативно свесен околу сопствениот сензибилитет.

Стилот ми е многу флексибилен, освен кога не е (ха, ха).

Сакам да носам еднобојна облека и моментално преферирам темносини, излитени окер или црни нијанси. Кај мене во гардеробер се кријат десетици филмски костими од порано, секакви мантили и најмногу од сè – 'мрднати' чорапи!

david-mukka-akter-i-muzichar-so-vpechatliv-moden-stil-03.jpg

Не мислам дека некогаш би облекол фенси италијански патики со циркони, или пак некоја од оние чантички (fanny packs) што често ги носат мажите на Балканот или во Мексико.

Не тргнувам на пат без чизми и влечки, а чевли носам само на премиери или интервјуа кога промовирам филм.

david-mukka-makedonec-so-urban-moden-stil-nosam-se-od-zdolnishta-do-kostumi-019.jpg

Сакам синџири, прстени и алки, но никогаш не ги барам, оставам накитот спонтано да ме наоѓа низ животот. Истото важи и за тетоважите.

Не трошам многу пари на облека, искрено, затоа што не купувам исклучиво брендови. Но, штом имаш некое место во окото на јавноста, солиден дел од гардеробата ти доаѓа и бесплатно“.

david-mukka-makedonec-so-urban-moden-stil-nosam-se-od-zdolnishta-do-kostumi-06.jpg

ubavi-makedonci-david-mukka-akter-i-muzichar-so-vpechatliv-moden-stil-poveke-21.jpg

ubavi-makedonci-david-mukka-akter-i-muzichar-so-vpechatliv-moden-stil-poveke-22.jpg

Повеќе фотографии од Давид Мукка на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Игор Џамбазов со семејни фотки од 1970-тите, Дарко Илиевски чека второ дете: Што прават македонските... Васил Зафирчев ја најави новата сезона на „Преспав“, тенисерот Калин Ивановски в...
Славни и борбени - Самохрани мајки на македонската естрада Некои се разведени, а на некои сопругот им починал, но сите се борбени и храбри....
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg