Зимското сметање на времето почнува викендов: Стрелките ги враќаме 1 час наназад
- Детали
- петок, 27 октомври 2023
Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомври, а трае до последниот викенд од март, кога часовникот повторно се поместува еден час понапред.
Ноќта помеѓу 28 и 29 октомври почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за 1 час назад, па во 3 часот изутрина часовникот ќе се врати на 2.
Со промената на времето се добива повеќе дневна светлина во утрата, но и порано се стемнува попладне.
Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомври, а трае до последниот викенд на март, кога часовникот повторно се поместува еден час понапред.
Летното сметање на времето првпат е воведено во Германија во 1916 година, со цел работниот ден да се одвива што е можно подолго додека е ден, а и за да се заштеди на струја. По Германија, уште 70 држави ја прифатиле промената на времето, па оваа пракса трае и денес.
И иако во 2019 година Европскиот парламент поднесе иницијатива да се укине праксата за поместување за часовникот и промената на времето, со што секоја држава самата требаше да реши дали ќе задржи летното или зимското сметање на времето, досега во ниедна земја ова не се спроведе во пракса, а часовникот, како и од 1916-та година се менува двапати годишно.
А. Ј. | Црнобело