Зоки Фаци се огласи директно од болница по втората операција: „Се надевам дека карциномот е минато“

Новинарот Зоки Василевски – Фаци, кој пред скоро две години беше опериран од карцином на ногата, преку својот Инстаграм откри дека вчера (25 октомври) повторно имал операција, но се чувствува добро. 

zoki-faci-povtorno-operiran-se-nadevam-deka-karcinomot-e-minato-01.jpg

Македонскиот новинар и водител, Зоран Василевски – Фаци, вчера (25 октомври) бил опериран на Одделот за реконструктивна хирургија во Државна болница. Тој не откри за каква операција станува збор, но во едно од видеата вели дека се надева дека карциномот веќе никогаш нема да му се врати.

Зоки веќе еднаш беше опериран од канцер на ногата и неколкупати јавно зборуваше за тешкиот период низ кој минувал, а често ја покажуваше и лузната од операцијата.

Тој на Инстаграм објави неколку видеа од болничкиот кревет, додека лежи со канила во раката и катетер и кажа дека времето го поминува во разговор со дедото со кој ја дели болничката соба.

zoki-faci-povtorno-operiran-se-nadevam-deka-karcinomot-e-minato-03.jpg

Зоки првото видео го објави доцна синоќа и во него вели:

„Здраво, драги мои. Ви се обраќам од Државна болница, од Одделот за пластична хирургија. Добро сум, операцијата беше во 11 часот. Се освестив, цел ден спијам. Имам катетер, имам некои вакви „чуда“.

Фала ви на сите за пораките, навистина многу ми значат, чувајте се. Си гледам сега тенис во соба. Тука сум со еден стар дедо. Си правиме муабет. Наскоро ќе излезам, па ќе се дружиме.

Се надевам дека карциномот е минато и дека нема веќе да се врати никогаш. Го издржав ова многу храбро“, вели тој.

zoki-faci-povtorno-operiran-se-nadevam-deka-karcinomot-e-minato-02.jpg

Но, во свој стил Зоки ги повика сите што „толку многу се грижат за него“, зборовите да ги претворат во дела, па да отидат во болница и да му однесат благо или сок.

„Сега читам куп пораки во кои ме прашувате дали ми треба нешто, велите дека сте тука за мене. Па, ајде, донесете ми благичко, сокче ми се пие.

Јас сум на Одделот за реконструктивна хирургија во Државна болница. Лесно се наоѓа. Тропнете на врата и кажете дека тоа што го носите е за Зоки Фаци, а не само да зборувате дека толку многу сум ви битен.

Ете ми треба, ајде донесете ми“, рече во свој стил.

Веќе во следното стори додаде дека има сè, ама дека сакал да види дали некој ќе ја примени некој српската изрека „Од зборови, преминете на дела“.

„Јас имам сè, а тие пораки ми се смешни, патетични и очајни. Ако сакате ќе донесете, ако не – не пишувајте глупости,“ кажа тој.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Зоки Фаци ќе оди на операција во Истанбул: „Исплашен сум, ова ми е трета операција – но се обидувам ... „Веќе нема да се чека, Зоки Фаци ќе оди на лекување во Истанбул“ – ова го соопшт...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg