Девојка од САД е разочарана од посетата на Скопје: „Дивите таксисти наплаќаат колку во Лос Анџелес, луѓе ми свиреа“
„Нема начин како да се движите (низ градот) бидејќи е тешко да најдете такси со добра репутација, особено ако не зборувате македонски. Значи, заглавени сте. А, за мене тоа е многу небезбедно и не можам да го поднесам.
Ако сакате да одите во Македонија, одете во другите делови од државата. Одете на езерото. Охрид е убав. Многу ми се допадна. Но, Скопје – прескокнете го.
И, слушнав од многу други жени дека исто така имале такви чудни искуства и не би можела да го препорачам… Никогаш, никогаш нема да се вратам“.
Во видеото, девојката додава и дека не постои апликација за викање такси која функционира. Пробала една што ѝ ја препорачале, но не успеала да добие такси.
Во описот, таа вели:
„Ќе кажам дека беше убаво, но тоа што сум Афроамериканка и жена која патува соло беше како убиствена комбинација и ми беше многу непријатно“.
Во коментари, мислењето на следбениците е поделено.
Некои се согласуваат со неа:
„Еднаш требаше да шетам низ Скопје навечер. Едно од најстрашните искуства“.
„Живеам во Скопје, искрено се чувствувам небезбедно како некој кој живее овде. Жал ми е што си го трпела тоа“.
„Те разбирам. Јас живеам таму“.
Некои, пак, го споделуваат убавото искуство од Охрид, а некои ја советуваат следен пат да оди со друштво и сигурно ќе си помине убаво.
„Не, немојте да го прескокнувате Скопје! Само најдете некој локалец и ќе ви помогнеме за што и да е. Сме шетале многу луѓе и на сите им се допаднало и се вратија уште еднаш“.
„Живеев во Скопје две години, пред околу 15 години, и тогаш ми се допаѓаше. Се чувствував безбедна и луѓето зборуваа англиски“.
„Јас бев во Охрид и градот беше мнооогу убав“.
„Се согласувам, Охрид е волшебен и го препорачувам“.
Погледнете го видеото:
@sowonthego Replying to @Asma I will say that it was beautiful but being Black and a solo woman felt like a lethal combination and I was just so uncomfortable #travel #traveltok #solotravel #solofemaletraveler #blackgirltiktok #blacktravel #blackwomentravel #blacktravelfeed #blacksolotravel #bipoctravel #woctravel #skopje #macedonia #northmacedonia
♬ original sound - Lena Sow | Travel Creator
Спирова С. | Црнобело
фото: Инстаграм; depositphotos.com