Девојка од САД е разочарана од посетата на Скопје: „Дивите таксисти наплаќаат колку во Лос Анџелес, луѓе ми свиреа“
- Детали
- вторник, 24 октомври 2023
„Луѓето свиреа од автомобилите по мене. Има многу нелегални такси возила. Лудо е што ми наплаќаа колку што би платила во Лос Анџелес. Ако сакате да одите во Македонија, подобро одете во Охрид. Многу ми се допадна“, вели Афроамериканка од САД која сама го посетила Скопје.
Бројни туристи што ја посетуваат Македонија се воодушевени од нашата држава и повеќето се трудат да ја посетат уште еднаш.
Но, за жал, некои имаат и непријатни искуства, како Лена – Афроамериканка од Лос Анџелес која во ТикТок вели дека Скопје е најлошиот град што го посетила.
Лена патува низ светот, а своето искуство го споделува на ТикТок и Инстаграм, заедно со совети за земјите што ги посетила.
По барање на нејзините следбеници, таа сподели видео на кое открива која европска држава ѝ се допаднала најмалку.
Таа истакнува дека е Афроамериканка и жена која патува сама, а на првото место ја стави Македонија, односно нашиот главен град – Скопје.
„Број еден е Македонија и тоа не целата држава, туку конкретно главниот град Скопје. Ова беше едно од најлошите патувачки искуства што сум ги имала.
Во мигот кога останав сама, луѓето буквално свиреа од автомобилите по мене, ми довикнуваа по улиците. Си реков ’Ова е премногу‘. Луѓето ми приоѓаа цело време и си реков дека мора да престанат.
Покрај тоа што велам дека е небезбедно, има премногу нелегални такси возила. И не е проблемот тоа што ми наплаќаа повеќе бидејќи сум навикната да го плаќам ’туристичкиот данок‘.
Туку, лудо е тоа што ми наплаќаа повеќе од тоа што би го платила во градот во којшто живеам – Лос Анџелес.