Димитар Атанасовски ѝ пееше на Сара за роденден, Антониа Гиговска го поддржа сопругот: Атмосферата на првата вечер од Макфест 2023 (фото)
- Детали
- сабота, 21 октомври 2023
Кристина Димитри се појави во најразголено издание на сцената, покрај српскиот пејач Љуба Перучица, а пак Роберт Спасенцовски се појави со маска на Џокер, додека сопругата Антониа Гиговска го поддржуваше од публиката. Марјана Станојковска и Светлана Црнокрак, пак, повторно одржаа лекција по елеганција.
Вчервавечер (20.10) во Штип се одржа 38-мото издание на фестивалот Макфест.
Како домаќини на сцената се појавија Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, а во ревијалниот дел со своите моќни изведби ушите ни ги помилуваа Силви Бенд и Лидија Кочовска.
Во натпреварувачкиот дел видовме многу дебитанти на сцената, но и по некоја личност која веќе ни е добропозната од нашите музички кругови.
Атмосферата на првата фестивалска вечер од Макфест:
Марјана Станојковска блесна во долг црвен светкав фустан, во улога на водителка на настанот.
Димитар Атанасовски, како домаќин на настанот се појави во елегантен костум.
Првата фестивалска вечер се одржи токму на 33-тиот роденден на неговата сопруга Сара Мејс (20.10), па тој во знак на извинување со младата изведувачка Теона, зад чија песна стои токму Сара, ѝ отпеа на Сара „Happy birthday“ за да ѝ надокнади што не е покрај неа и како мал трик за и догодина да го „пушти“ на роденденот да води Макфест.
Роберт Спасенцовски во својата веќе препознатлива маска на Џокер на лицето се појави на сцената, а како поддршка во Штип беше и неговата сопруга Антониа Гиговска.
Антониа во оваа пригода се појави во стајлинг од својата долгогодишна соработничка и стилистка Викторија Бурсаќ.
Кристина Димитри издоминира со специфичниот и смел аутфит на сцената, каде го отпеа дуетот „Посилна од сè“ со српскиот пејач Љуба Перучица.
Kреацијата на Антониа е од македонскиот дизајнер Златко Јовановски.
Светлана Црнокрак покажа што е холивудска елеганција во металик креација на црвениот тепих.
С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм